Неџат Аголи
Неџат Аголи (албански: Nexhat Agolli; Дебар, 9 јуни 1914 — Голи Оток, 29 април 1949) — македонски комунист, политичар и правник од албанска народност. Деец од Комунистичката партија на Македонија и Југославија. Учесник во народноослободителното движење во Македонија и Албанија. Делегат за време на Второто заседание на АСНОМ. Втор потпретседател на Президиумот на АСНОМ, заедно со Лазар Колишевски. Неговиот помлад брат Кемал Аголи претходно бил делегат во Првото заседание на АСНОМ. После Втората светска војна Аголи бил министер за економија и социјална политика во Македонија. За време на т.н. Период на Информбирото Аголи бил прогласен за предавник и прогонет во Голи Оток каде што починал. ЖивотописРани годиниНеџат Аголи е роден на 9 јуни 1914 година во градот Дебар, тогаш под склоп на Кралството Србија. Потекнува од сиромашно албанско семејство, неговиот татко се викал Зијаи и мајка му Мирвета. За неговото основно образование учел во Дебар. Подоцна патувал низ Албанија каде се запишал за правно во Кукуш, Валона и Тирана. Продолжил со неговото више образование во Рим каде се запишал во Сапиенскиот универзитет за право.[1] Откако завршил право се вратил во Тирана каде што работел како судија. За време на Втората светска војна Албанија паднала под фашистичка италијанска окупација. Аголи бил против новиот режим.[2] Во НОБ![]() Со развитокот на народноослободителната борба Неџат Аголи се приклучил во Комунистичката партија на Албанија заедно со неговиот брат Кемал. Во 1942 година бил префрлен во Ѓаковица, Косово каде што станал борец во албански партизански одред. Се вратил во родниот крај околу 1943 година и станал раководен член во Првата оперативна зона на НОВ на Македонија. Истовремено станал член во Комунистичката партија на Македонија и Југославија.[2][3] Во 1944 година добил раководителна функција во Четвртата македонска албанска бригада.[4] Додека неговиот брат Кемал Аголи станал командир на албанскиот баталјон во Првата македонско-косовска ударна бригада.[5] За време на завршните операции за ослободување на Македонија АСНОМ го организирало нејзиното прво заседание. Во првиот состав на Президиумот, помладиот брат на Неџат, Кемал бил примен како член. Кемал истовремено бил избран за делегат во Второто заседание како пратеник од АСНОМ. За време на Второто заседание на АСНОМ Неџат Аголи бил кооптиран како член во президиумот и подоцна примен како втор потпретседател на президиумот заедно со Лазар Колишевски.[3][6] За време на седницата Неџат ја подржил одлуката да се отворат училишта на албански јазик но се спротивставил со одлуката да се отворат училишта на турски јазик.[7] Повоени дејности![]() Во 16 април 1945 година првата влада на Социјалистичка Република Македонија била формирана. Неџат Аголи бил примен како министер на социјална политика.[6] Под негово раководство различни закони биле воведени, меѓу нив најзначајниот е Законот на начинот за исплатување на инвалидските принадлежности.[8][9] Во втората влада на Македонија, формирана на април 1946 година, Неџат Аголи бил втор потпретседател заедно со македонскиот правник Љупчо Арсов. Во третата влада, формирана во истата година околу декември, Аголи повторно бил назначен за министер на социјална грижа. Аголи истовремено работел да ги подобри условите на Македонските Албанци. Во 1948 година првите несогласување меѓу Аголи и Лазар Колишевски се појавиле. Во тоа време 1.519 членови или 5,62% од членовите на Комунистичката партија на Македонија биле Албанци по потекло.[3] Албанските кадри, особено низ Косово и Метохија, Македонија биле доста непопуларни меѓу останатите југословенски политичари. Тогашната Југословенска власт сметала дека албанските политичари биле повеќе верни кон Албанија отколку Југославија.[10] Во 12 мај 1948 година Неџат Аголи бил разрешен од неговите должности и преместен со Реис Шакири, исто така Албанец.[11] Поради изолацијата Неџат Аголи заедно со неговиот брат ја подржиле резолуцијата на Информбирото.[2] Други значајни Албанци кои ја подржиле одлуката биле: Ќамил Бровина — воен командир на албанските одреди во Косово за време на Втората светска војна, Фаик Брути — секретар на Ѓаковскиот комунистички одбор, Џеладин Хана — главен редактор на првиот албански весник во Југославија „Рилиндја“ (Преродба), Џафер Вокши — секретар на комунистичкиот одбор во Косово и многу други.[10] Неџат Аголи формирал таен албански комитет против Југославија со Џеладин Хана и Рифат Бериши како раководители. Кога комитетот бил откриен Неџат бил уапсан и прогонет во Голи Оток заедно со неговиот брат.[12] СмртНеговиот брат брзо починал откога стигнале во Голи Оток. Неџат Аголи ги поминал последните месеци мачливо. На 28 април 1949 година починал на 38 годишна возраст. Посмртно во тогашната Македонска историографија ликот на Неџат Аголи бил претставен како предавник кој повоено соработувал со поранешни дејци од Балистите. На 29 февруари 1952 година, во еден извештај обработен од Крсте Црвенковски и Реис Шакири, Неџат бил обвинет за корупација и безсмислено ослободување на албански криминалци.[13] После независноста на Македонија Неџат бил рехабилитиран во Македонската историографија. За време на проектот Скопје 2014, споменик од Неџат било изградено. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia