Пласничево
Пласничево (грчки: Κρύα Βρύση, Крија Вриси, до 1927 г. Πλάσνα, Пласна[2]) — гратче во Ениџевардарско, Егејска Македонија, денес во општината Постол во областа Централна Македонија, Грција. Населението брои 5.214 жители (2011) и сè до 1935 г. било македонско.[3] ГеографијаСелото е сместено во средиштето на Воденско-ениџевардарското Поле (дел од Солунското Поле), 20 км југозападно од Пазар (Ениџе Вардар).[3] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоНа крајот на XIX век Пласничево било македонско село во Ениџевардарската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. Пласничево имало население од 200 Македонци и 56 Роми.[4][5] Сите жители потпаднале на селото потпаднале под врховенството на Цариградската патријаршија. По податоци на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. во Пласничево живееле 264 Македонци, сите под патријаршијата.[4][6] Во следниот период Боривое Милоевиќ забележал дека селото имало 18 македонски христијани и 17 куќи на ромски христијани,[3] иако овој податок се чини неверодостоен. На 22 ноември 1909 г. гркоманскиот андартски капетан Гоно Јотов дал отчет за свршената работа како деец на вооружена грчка пропаганда во Ениџевардарско:
Во ГрцијаПо Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор, кога населението броело 301 жител, за во 1920 г. да се зголеми на 368 жители.[3] Во 1924 г. 76 жители се принудно иселени во Бугарија, а на нивно место се доведени 24 грчки доселеници од Понд.[8] Причината за скромниот број на доведени колонисти била маларијата, која го косела населението, бидејќи селото било на брегот на Ениџевардарското Езеро.[3] Во 1927 г. селото е преименувано во Крија Вриси, што во превод значи „студена чешма“. Во 1928 г. во Пласничево се попишани 285 жители,[3] од кои 120 лица (35 семејства) биле грчки доселеници.[9] Со исцедувањето на Ениџевардарското Езеро 1935 г. властите довеле грчки колонистички семејства претходно сместени во други посиромашни села како Плугар.[10] Освен тоа, 1930-те кон Пласничево е присоединето и соседното село Призна,[11] што предизвикало голем раст на неговото население. Затоа, во 1940 г. во селото се попишани дури 2.914 жители. За време на Втората светска војна Пласничево било база на ултранационалистичката паравојска „Национална армија на Грција“ под раководство на Георгиос Пулос. По војната, селото продолжило да напредува поради исклучително плодното земјиште кое целосно се наводнува. Во 1951 г. веќе станало гратче со 4.261 жител, за во 1961 г. да нарасне на 5.225 жители.[3] Во 1971 г. се заведени 5.268 лица, кои во 1981 г. станале 5.521. Во 1991 г. во Пласничево живееле 5.767 жители.[3] Во следното десетлетие селото доживеало повторен пораст на 6.535 жители, но во 2011 г. се смалило на 5.214 лица. НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоПласничево денес има големи обратобливи површини и пасишта кои се обработуваат со најсовремена техника. Подигнати се огромни површини насади и овоштарници кои даваат илјадници тони овошје, памук, пченка и пченица. Многу е развиено и краварството.[3] Личности
ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia