Општина Казандол

Месен народен
одбор Казандол
Општина на ДФ/НР Македонија, ДФЈ/ФНРЈ
1945–1952
Главен град/седиште Казандол
Составни делови Казандол
Историја
 -  Основање на МНО Казандол 1945
 -  Укинување на МНО Казандол 1952
Население
 -  1948 1,075 жит.
Управни единици Држава: ДФЈ/ФНРЈ

Република: ДФ/НР Македонија
Округ: Штипски (1945), Велешки (1945-1947)
Околија: Валандовска (1945-1947), Гевгелиска (1947-1952)

Денес во Општина Валандово

Месен народен одбор Казандол ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1952 година.

Историја

Месниот народен одбор Казандол бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Валандовска Околија, првично во Штипскиот Округ, а истата 1945 година, околијата со општината биле преместени во Велешкиот Округ, и негово составно населено место било Казандол.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, месниот одбор останал територијално непроменет и бил префрлен во Гевгелиската Околија.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Казандол останал територијално непроменет.[3] Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Казандол бил укинат на сметка на соседната и обновена Општина Дедели.[4]

Население

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Казандол имал 1,075 жители, односно вкупното население на Казандол. Од таа бројка, 1,074 биле Турци, додека 1 бил Македонец.[5]

Поврзано

Наводи

  1. „За определуене на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околијите и месните народни одбори“ (PDF) (24). Службен весник на Федерална Македонија. 27 ноември 1945: 149, 161. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 25 јуни 2025. line feed character во |title= во положба 76 (help); Наводот journal бара |journal= (help)
  2. „Закон на административна територијална подела на Народна Република Македонија“ (PDF) (2). Службен весник на Народна Република Македонија. 30 јануари 1947: 24. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 25 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  3. „Закон за административно-територијална поделба на Народна Република Македонија“ (PDF) (28). Службен весник на Народна Република Македонија. 26 септември 1950: 196. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-04. Посетено на 25 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  4. „Закон за поделбата на Народна Република Македонија на околии, градски општини и општини“ (PDF) (13). Службен весник на Народна Република Македонија. 28 април 1952: 98. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 25 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  5. „Ethnic Composition of Yugoslavia 1948“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 11 август 2024. Посетено на 25 јуни 2025.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya