Општина Севендекли
Месен народен одбор Севендекли ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1952 година. ИсторијаМесниот народен одбор Севендекли бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Валандовска Околија, првично во Штипскиот Округ, а истата 1945 година, околијата со општината биле преместени во Велешкиот Округ, и негови составни населени места биле Дурутли, Севендекли, Чаушли и Џумабос.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, месниот одбор останал територијално непроменет и бил префрлен во Гевгелиската Околија.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Севендекли го загубил селото Чаушли кој припаднал на Месниот народен одбор Нов Дојран.[3] Согласно административната поделба од 1952 година, МНО Пирава бил укинат на сметка на соседната и проширена Општина Башибос.[4] НаселениеСпоред пописот од 1948 година, Месен народен одбор Севендекли имал 672 жители, односно вкупното население на Дурутли, Севендекли, Чаушли и Џумабос. Од таа бројка, 671 бил Турчин, а 1 бил Македонец.[5] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia