Општина Дедели

Општина Дедели (1952-1955)
Месен народен одбор Дедели (1945-1950)
Општина на ДФ/НР Македонија, ДФЈ/ФНРЈ
1945–1955
Местоположба на Месен народен одбор Дедели
Местоположба на Месен народен одбор Дедели
Границите на Општина Дедели во периодот 1952-1955 година.
Главен град/седиште Дедели
Составни делови Дедели (1945-1950, 1952-1955), Казандол (1952-1955), Прстен (1952-1955), Собри (1952-1955), Татарли (1952-1955), Чалакли (1952-1955), Честево (1945-1950)
Историја
 -  Основање на МНО Дедели 1945
 -  Укинување на МНО Дедели 1950
 -  Основање на Општина Дедели 1952
 -  Укинување на Општина Дедели 1955
Население
 -  1948 609 жит.
 -  1953 2,428 
Управни единици Држава: ДФЈ/ФНРЈ

Република: ДФ/НР Македонија
Округ: Штипски (1945), Велешки (1945-1947)
Околија: Валандовска (1945-1947), Гевгелиска (1947-1950, 1952-1955)

Денес во Општина Валандово

Општина Дедели, именувана и како Месен народен одбор Дедели ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1950 и 1952-1955 година.

Историја

Месниот народен одбор Дедели бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Валандовска Околија, првично во Штипскиот Округ, а истата 1945 година, околијата со општината биле преместени во Велешкиот Округ, и негови составни населени места биле Дедели и Честево.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Делели бил припаднал на Гевгелиската Околија и територијално останал со истите две населени места.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Дедели бил укинат на сметка на соседниот и проширен Месен народен одбор Валандово.[3] Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Дедели била обновена на сметка на соседната и намалена Општина Валандово со нејзините села Дедели, Казандол, Прстен, Собри, Татарли и Чалакли.[4] Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Дедели повторно била укината и нејзината општинска територија повторно припаднала на проширената Општина Валандово.[5]

Население

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Дедели имал 609 жители, односно вкупното население на Дедели и Честево. Од таа бројка, сите биле Турци.[6]

Според пописот од 1953 година, Општина Дедели имала 2,428 жители, односно вкупното население на Дедели, Казандол, Прстен, Собри, Татарли и Чалакли.

Следува табела според народностите во пописот од 1953 година:[7][8]

Народност Вкупно
Македонци 200
Турци 2,224
Срби 3
Хрвати 1

Поврзано

Наводи

  1. „За определуене на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околијите и месните народни одбори“ (PDF) (24). Службен весник на Федерална Македонија. 27 ноември 1945: 149, 161. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 24 јуни 2025. line feed character во |title= во положба 76 (help); Наводот journal бара |journal= (help)
  2. „Закон на административна територијална подела на Народна Република Македонија“ (PDF) (2). Службен весник на Народна Република Македонија. 30 јануари 1947: 24. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 24 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  3. „Закон за административно-територијална поделба на Народна Република Македонија“ (PDF) (28). Службен весник на Народна Република Македонија. 26 септември 1950: 196. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-04. Посетено на 24 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  4. „Закон за поделбата на Народна Република Македонија на околии, градски општини и општини“ (PDF) (13). Службен весник на Народна Република Македонија. 28 април 1952: 98. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 24 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  5. „Закон за подрачјата на околиите и општините во Народна Република Македонија“ (PDF) (20). Службен весник на Народна Република Македонија. 29 јуни 1955: 237. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 24 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  6. „Ethnic Composition of Yugoslavia 1948“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 11 август 2024. Посетено на 24 јуни 2025.
  7. „Укупно становништво по народности“ (PDF). Државен завод за статистика на Србија. стр. 63. Архивирано од изворникот (PDF) на 3 април 2019. Посетено на 24 јуни 2025.
  8. „Ethnic Composition of Yugoslavia 1953“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 29 јуни 2015. Посетено на 24 јуни 2025.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya