Општина Фурка

Општина Фурка (1913-1915)
Месен народен одбор Фурка (1945-1950)
Општина на Кралство Србија / Кралство СХС/Југославија / ДФ/НР Македонија, ДФЈ/ФНРЈ
1913–1950
Главен град/седиште Фурка
Составни делови Асанли (1913-1915), Воловец (1913-1915), Ѓопчели (1913-1915), Караулари (1913-1915), Крастали (1913-1915), Пазарли (1913-1915), Фурка (1913-1915, 1945-1950), Црничани (1913-1915), Чаушли (1913-1915)
Историја
 -  Основање на Општина Фурка 1913
 -  Основање на МНО Фурка 1945
 -  Укинување на МНО Фурка 1950
Население
 -  1921 1,466 жит.
 -  1948 647 
Управни единици Држава: Кралство Србија (1913-1915), Кралство Југославија, ДФЈ/ФНРЈ (1945-1950)

Република: ДФ/НР Македонија (1945-1950)
Бановина: Вардарска
Округ: Тиквешки (1913-1915), Штипски (1945), Велешки (1945-1947)
Срез: Дојрански (1913-1915) Околија: Валандовска (1945-1947), Гевгелиска (1947-1950)

Денес во Општина Дојран, Општина Пајонија

Општина Удово, именувана и како Месен народен одбор Удово ― поранешна општина во Македонија, која постоела во 1913-1915, меѓувоениот период и 1945-1955 година.

Историја

1913-1915

Општина Фурка за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Асанли, Воловец, Ѓопчели, Караулари, Крастали, Пазарли, Фурка, Црничани и Чаушли. Општината била дел од Дојранскиот Срез, Тиквешки Округ.[1]

Кралство СХС/Југославија

За време на новата држава Кралство СХС, Општина Фурка постоела се до нејзиното укинување на сметка на соседната и проширена Општина Дојран.

1945-1950

Месниот народен одбор Фурка бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Валандовска Околија, првично во Штипскиот Округ, а истата 1945 година, околијата со општината биле преместени во Велешкиот Округ, и негово составно населено место било Фурка.[2] Во 1947 година, според новата административна поделба, месниот одбор останал територијално непроменет и бил префрлен во Гевгелиската Околија.[3] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Фурка бил укинат на сметка на соседниот и проширен Месен народен одбор Нов Дојран.[4]

Население

Според пописот од 1921 година, Општина Фурка имала 1,466 жители. Според верската припадност, 1,252 биле православни, 3 биле католици, додека 211 биле муслимани. Според јазичната припадност, 1,052 биле Срби/Хрвати, 211 биле Турци, 3 биле Словенци, и 200 биле останати.[5][б 1]

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Фурка имал 647 жители, односно вкупното население на Фурка.

Следува табела според народностите во пописот од 1948 година:[6]

Народност Вкупно
Македонци 634
Турци 2
Срби 8
Хрвати 3

Поврзано

Забелешки

  1. Македонскиот јазик и македонскиот народ биле третирани за српски, согласно според српскиот/кралскојугословенскиот државен апарат.

Наводи

  1. Вујичиќ, Милорад Ант. (1914). Речник места у ослобођеној области Старе Србије по службени подацима (PDF). Државна печатница на Кралство Србија. стр. 148. Посетено на 10 јуни 2025.
  2. „За определуене на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околијите и месните народни одбори“ (PDF) (24). Службен весник на Федерална Македонија. 27 ноември 1945: 149, 161. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 26 јуни 2025. line feed character во |title= во положба 76 (help); Наводот journal бара |journal= (help)
  3. „Закон на административна територијална подела на Народна Република Македонија“ (PDF) (2). Службен весник на Народна Република Македонија. 30 јануари 1947: 24. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 26 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  4. „Закон за административно-територијална поделба на Народна Република Македонија“ (PDF) (28). Службен весник на Народна Република Македонија. 26 септември 1950: 196. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-04. Посетено на 26 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  5. „Дефинитивни резултати пописа становништва од 31 јануара 1921 год“ (PDF). Сараево: Државна печатница. 1932. стр. 118-119. Архивирано од изворникот (PDF) на 16 август 2020. Посетено на 26 јуни 2025.
  6. „Ethnic Composition of Yugoslavia 1948“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 11 август 2024. Посетено на 26 јуни 2025.
Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya