Општина Грчиште
Месен народен одбор Грчиште ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1945-1950 година. ИсторијаМесниот народен одбор Грчиште бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Валандовска Околија, првично во Штипскиот Округ, а истата 1945 година, околијата со општината биле преместени во Велешкиот Округ, и негово составно населено место било Грчиште.[1] Во 1947 година, според новата административна поделба, месниот одбор останал територијално непроменет и бил префрлен во Гевгелиската Околија.[2] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Грчиште бил укинат на сметка на соседниот и проширен Месен народен одбор Марвинци.[3] НаселениеСпоред пописот од 1948 година, Месен народен одбор Грчиште имал 424 жители, односно вкупното население на Грчиште. Од таа бројка, сите биле Македонци.[4] ПоврзаноНаводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia