Општина Башибос

Општина Башибос (1913-1915, 1952-1955)
Месен народен одбор Башибос (1945-1952)
Општина на Кралство Србија / ДФ/НР Македонија, ДФЈ/ФНРЈ
1913–1955
 

Местоположба на Месен народен одбор Башибос
Местоположба на Месен народен одбор Башибос
Границите на Општина Башибос во периодот 1952-1955 година.
Главен град/седиште Башибос
Составни делови Бајрамбос (1913-1915, 1945-1955), Башибос (1913-1915, 1945-1955), Булунтули (1913-1915, 1945-1955), Дорломбос (1913-1915), Дурутли (1913-1915, 1952-1955), Кочули (1913-1915, 1945-1955), Куртамзали (1913-1915, 1945-1955), Севендекли (1913-1915, 1952-1955), Органџали (1913-1915, 1945-1955), Џумабос (1913-1915, 1952-1955)
Историја
 -  Основање на Општина Башибос 1913
 -  Основање на МНО Башибос 1945
 -  Укинување на Општина Башибос 1955
Население
 -  1921 1,944 жит.
 -  1948 1,175 
 -  1953 1,993 
Управни единици Држава: Кралство Србија (1913-1915), ДФЈ/ФНРЈ (1945-1955)

Република: ДФ/НР Македонија (1945-1955)
Округ: Штипски (1945), Велешки (1945-1947)
Срез: Дојрански (1913-1915)
Околија: Валандовска (1945-1947), Гевгелиска (1947-1955)

Денес во Општина Валандово, Општина Дојран, Општина Струмица

Општина Башибос, именувана и како Месен народен одбор Башибос ― поранешна општина во Македонија, која постоела во периодот 1913-1915, меѓувоениот период и 1945-1955 година.

Историја

1913-1915

Општина Башибос за прв пат била основана во 1913 година, за време на Кралството Србија. Населени места во општината биле Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Дорломбос, Дурутли, Кочули, Куртамзали, Севендекли, Органџали и Џумабос. Општината била дел од Дојранскиот Срез, Тиквешки Округ.[1]

Кралство СХС/Југославија

За време на новата држава Кралство СХС, Општина Фурка постоела се до нејзиното укинување на сметка на соседната и проширена Општина Дојран.

1945-1955

Месниот народен одбор Башибос бил основан во 1945 година. Тој бил дел од Валандовска Околија, првично во Штипскиот Округ, а истата 1945 година, околијата со општината биле преместени во Велешкиот Округ, и негови составни населени места биле Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Кочули, Куртамзали и Органџали.[2] Во 1947 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Башибос бил припаднал на Гевгелиската Околија и територијално останал со истите шест населени места.[3] Во 1950 година, според новата административна поделба, Месниот народен одбор Башибос немал територијални промени.[4] Согласно административната поделба од 1952 година, сега со називот, Општина Башибос била проширена на сметка на соседниот и укинат Месен народен одбор Севендекли со неговите села Дурутли, Севендекли и Џумабос.[5] Согласно административната поделба од 1955 година, Општина Башибос била укината и нејзината општинска територија припаднала на проширената Општина Валандово која ги добила селата Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Кочули, и проширената Општина Дојран која ги добила Дурутли, Куртамзали, Органџали, Севендекли и Џумабос.[6]

Население

Според пописот од 1921 година, Општина Башибос имала 1,944 жители. Според верската припадност, 58 биле православни, додека 1,886 биле муслимани. Според јазичната припадност, 59 биле Срби/Хрвати, додека 1,885 биле Турци.[7][б 1]

Според пописот од 1948 година, Месен народен одбор Башибос имал 1,175 жители, односно вкупното население на Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Кочули, Куртамзали и Органџали. Од таа бројка, 1174 биле Турци, додека 1 бил Македонец.[8]

Според пописот од 1953 година, Општина Башибос имала 1,993 жители, односно вкупното население на Бајрамбос, Башибос, Булунтули, Дурутли, Кочули, Куртамзали, Органџали, Севендекли и Џумабос.

Следува табела според народностите во пописот од 1953 година:[9][10]

Народност Вкупно
Македонци 5
Турци 1,984
Останати несловени 4

Поврзано

Наводи

  1. Вујичиќ, Милорад Ант. (1914). Речник места у ослобођеној области Старе Србије по службени подацима (PDF). Државна печатница на Кралство Србија. стр. 147. Посетено на 24 јуни 2025.
  2. „За определуене на бројот, територијалните подрачја и седиштата на околијите и месните народни одбори“ (PDF) (24). Службен весник на Федерална Македонија. 27 ноември 1945: 149, 161. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 24 јуни 2025. line feed character во |title= во положба 76 (help); Наводот journal бара |journal= (help)
  3. „Закон на административна територијална подела на Народна Република Македонија“ (PDF) (2). Службен весник на Народна Република Македонија. 30 јануари 1947: 24. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 24 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  4. „Закон за административно-територијална поделба на Народна Република Македонија“ (PDF) (28). Службен весник на Народна Република Македонија. 26 септември 1950: 196. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-04. Посетено на 24 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  5. „Закон за поделбата на Народна Република Македонија на околии, градски општини и општини“ (PDF) (13). Службен весник на Народна Република Македонија. 28 април 1952: 98. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 24 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  6. „Закон за подрачјата на околиите и општините во Народна Република Македонија“ (PDF) (20). Службен весник на Народна Република Македонија. 29 јуни 1955: 237, 238. Архивирано (PDF) од изворникот 2016-03-05. Посетено на 24 јуни 2025. Наводот journal бара |journal= (help)
  7. „Дефинитивни резултати пописа становништва од 31 јануара 1921 год“ (PDF). Сараево: Државна печатница. 1932. стр. 118-119. Архивирано од изворникот (PDF) на 16 август 2020. Посетено на 27 јуни 2025.
  8. „Ethnic Composition of Yugoslavia 1948“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 11 август 2024. Посетено на 27 јуни 2025.
  9. „Укупно становништво по народности“ (PDF). Државен завод за статистика на Србија. стр. 63. Архивирано од изворникот (PDF) на 3 април 2019. Посетено на 24 јуни 2025.
  10. „Ethnic Composition of Yugoslavia 1953“. pop-stat.mashke.org. Архивирано од изворникот на 29 јуни 2015. Посетено на 24 јуни 2025.


Грешка во наводот: Има ознаки <ref> за група именувана како „б“, но нема соодветна ознака <references group="б"/>.

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya