Освојувачи на медали на Летните олимписки игри 1976Во списокот на освојувачи на медали по земји на Летните олимписки игри 1976 се наведени сите земји-учеснички на игрите кои освоија медали. Најуспешна нација на игрите беше репрезентацијата на Советскиот Сојуз, која освоила 80 златни од вкупно 195 медали. Најуспешен натпреварувач на игрите бил советскиот гимнастичар Николај Андријанов, кој освоил 4 златни, 2 сребрени и еден бронзен медал.[1] Список по земјиСписокот е направен според информациите добиени од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и е во склад со прописите утврдени од страна на МОК за составување на ваквите списоци. Според прописите, земјите во списокот се претставени со нивните национални олимписки комитети, а се подредени по бројот на освоени златни медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат еднаков број на освоени златни медали, подредувањето продолжува по освоените сребрени, па по освоените бронзени медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат освоено ист број на златни, сребрени и бронзени медали, тогаш тие заземаат исто место во списокот и се прикажани според редоследот на првата буква во абецедата.
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia