Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2010Во списокот на освојувачи на медали по земји на Зимските олимписки игри 2010 се наведени сите земји учеснички на игрите кои освоиле медал. Најуспешна нација на игрите била Канада, која освоила 14 златни од вкупно 26 медали, поставувајќи нов рекорд по бројот на освоени златни медали на едни Зимски олимписки игри. Олимписката репрезентација на САД освоила 37 медали, со што поставила рекорд по бројот на вкупно освоени медали. Најуспешен натпреварувач била норвешката скијачка Марит Бјорген, која освоила три златни, еден сребрен и еден бронзен медал. Список по земји![]() Списокот е направен според информациите добиени од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и е во склад со прописите утврдени од страна на МОК за составување на ваквите списоци. Според прописите, земјите во списокот се претставени со нивните национални олимписки комитети, а се подредени по бројот на освоени златни медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат еднаков број на освоени златни медали, подредувањето продолжува по освоените сребрени, па по освоените бронзени медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат освоено ист број на златни, сребрени и бронзени медали, тогаш тие заземаат исто место во списокот и се прикажани според редоследот на првата буква во абецедата.
ПоврзаноБелешки
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia