Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2006Во списокот на освојувачи на медали по земји на Зимските олимписки игри 2006 се наведени сите земји-учеснички на игрите кои освоија медали. Најуспешна нација на игрите беше репрезентацијата на Германија, која освои 11 златни од вкупно 29 медали. Летонија и Словачка ги освоија првите медали на Зимските олимписки игри.[1] Најуспешни натпреварувачи на игрите беа германскиот биатлонец Михаел Грајс и јужноорејските лизгачи на кратки патеки Ан Хјун Со и Џин Сун Ју, кои освоија по 3 златни медали.[2] Список по земјиСписокот е направен според информациите добиени од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и е во склад со прописите утврдени од страна на МОК за составување на ваквите списоци. Според прописите, земјите во списокот се претставени со нивните национални олимписки комитети, а се подредени по бројот на освоени златни медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат еднаков број на освоени златни медали, подредувањето продолжува по освоените сребрени, па по освоените бронзени медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат освоено ист број на златни, сребрени и бронзени медали, тогаш тие заземаат исто место во списокот и се прикажани според редоследот на првата буква во абецедата.
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia