Освојувачи на медали на Летните олимписки игри 2016![]() Легенда: Со златна боја се обележани земјите-учеснички коишто освоиле барем еден златен медал. Со сребрена боја се обележани земјите-учеснички коишто освоиле барем еден сребрен медал. Со бронзена боја се обележани земјите-учеснички коишто освоиле барем еден бронзен медал. Со сина боја се обележани земјите-учеснички коишто не освоиле медал. Со црвена боја се обележани земјите коишто не учествувале на игрите. Во списокот на освојувачи на медали по земји на Летните олимписки игри 2016 се наведени сите земји учеснички на игрите кои освоиле медал. Игрите се одржале во Рио де Жанеиро од 5 до 21 август 2016, а медали биле доделени во 306 натпреварувања во 28 спортови. Виетнам, Косово, Фиџи, Сингапур, Порторико, Бахреин, Јордан, Таџикистан и Брегот на Слоновата Коска за првпат освоиле златен медал. Од нив, Косово, Фиџи и Јордан ги освоиле првите олимписки медали воопшто.[1][2][3][4][5][6][7][8][9][10] Кувајтскиот стрелец Фехајд ал-Дихани станал првиот независен учесник кој освоил златен медал,[11][12] иако златни медали во минатото освоиле спортисти кои настапиле под олимпиското знаме, како на пример Обединетата екипа во 1992. МедалиОлимписките медали за игрите во 2016 година биле најголеми во споредба со медалите на олимписките игри во минатото во поглед на големината на пречникот.[13] Златотните медали биле почисто злато од било кои игри претходно. Сребрените медали биле изработени од залемено рециклирачко огледало на рендгенска плоча. Поголемиот дел од бакарот упоребен за изработка на бронзените медали бил добиен преку рециклажа на остатокот од ковањето на медалите. На предната страна на медалите била прикажана Ника — божицата на победата.[14] Список по земјиСписокот е направен според информациите добиени од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и е во склад со прописите утврдени од страна на МОК за составување на ваквите списоци. Според прописите, земјите во списокот се претставени со нивните национални олимписки комитети, а се подредени по бројот на освоени златни медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат еднаков број на освоени златни медали, подредувањето продолжува по освоените сребрени, па по освоените бронзени медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат освоено ист број на златни, сребрени и бронзени медали, тогаш тие заземаат исто место во списокот и се прикажани според редоследот на првата буква во абецедата. Медали на игрите освоиле спортисти од рекордни 87 земји, при што 120 земји не освоиле не медал, а златен медал освоиле рекордни 59 земји. Во бокс (13 натпреварувања), борење (18), теквондо (8) и џудо (14) биле доделени два бронзени медали во секое натпреварување или вкупно 53 бронзени медали повеќе. Два златни медали биле доделени во женската трка на 100 м слободен стил, а како последица на тоа не бил доделен сребрен медал. Три сребрени медали биле доделени во машката трка на 100 м делфин, а како последица на тоа не бил доделен бронзен медал. Два бронзени медали биле доделени во женската трка на 100 м грбно и во машката поединечна кајакарска трка на 200 м. земја домаќин (Бразил)
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia