Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2022![]() Легенда: Со златна боја се обележани земјите-учеснички коишто освоиле барем еден златен медал. Со сребрена боја се обележани земјите-учеснички коишто освоиле барем еден сребрен медал. Со бронзена боја се обележани земјите-учеснички коишто освоиле барем еден бронзен медал. Со сина боја се обележани земјите-учеснички коишто не освоиле медал. Со црвена боја се обележани земјите коишто не учествувале на игрите. ![]() Во списокот на освојувачи на медали по земји на Зимските олимписки игри 2020 се наведени сите земји-учеснички на игрите кои освоиле медали. Игрите се одржале во Пекинг од 4 до 20 февруари 2022, а медали биле доделени во 109 натпреварувања во 15 дисциплини во 7 спортови. Нов Зеланд го освоиле првиот златен медал на зимските олимписки благодарение на Зои Садовски-Синот во женскиот натпревар во слоупстајл во скијање на даска,[1] додека Барт Свингс со победата во машката трка со масовен старт во брзо лизгање го освоил вториот златен медал на зимските олимписки игри за Белгија и прво по Зимските олимписки игри 1948.[2] Норвешка била најуспешна нација како по бројот на златни (16), така и по вкупниот број на медали (37). Со освојувањето на 15. златен медал, спортистите од оваа земја поставиле нов рекорд по бројот на освоени златни медали на едни зимски олимписки игри,[3] соборувајќи го претходниот рекорд од 14 златни медали којшто го поставиле спортистите од Канада на игрите во 2010 година, а потоа бил повторен од страна на Норвешка и Германија на игрите во 2018 година, иако треба да се има предвид постојаниот раст на бројот на натпревари на зимските олимписки игри. Германија била единствената нација којашто целосно го зазела подиумот во некој натпревар откако ги освоиле сите медали во машкиот натпревар во двојки во боб.[4] Кина како земја домаќин на игрите освоила 9 златни и вкупно 15 медали, со што го остварила својот најдобар успех на зимските олимписки игри иа за првпат била рангирана меѓу трите најуспешни нации на едни зимски олимписки игри.[5] Список по земјиСписокот е направен според информациите добиени од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и е во склад со прописите утврдени од страна на МОК за составување на ваквите списоци. Според прописите, земјите во списокот се претставени со нивните национални олимписки комитети, а се подредени по бројот на освоени златни медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат еднаков број на освоени златни медали, подредувањето продолжува по освоените сребрени, па по освоените бронзени медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат освоено ист број на златни, сребрени и бронзени медали, тогаш тие заземаат исто место во списокот и се прикажани според редоследот на првата буква во абецедата. * земја домаќин (Кина)
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia