Освојувачи на медали на Зимските олимписки игри 2002Во списокот на освојувачи на медали по земји на Зимските олимписки игри 2002 се наведени сите земји-учеснички на игрите кои освоија медали. Најуспешна нација на игрите беше репрезентацијата на Норвешка, која освои 13 златни од вкупно 25 медали, додека најмногу медали освои репрезентацјата на Германија, 36. Веднаш, по завршувањето на игрите, германија беше најуспешна нација, но две години подоцна, на норвешката репрезентација ѝ беа доделени уште 2 златни медали, со кои ја престуигна Германија и со 13 златни медали стана најуспешна земја ан игрите.[1] Хрватска и Естонија ги освоија првите медали и тоа златни на Зимските олимписки игри,[2][3] медали на Зимските олимписки игри.[4] додека Австралија и Кина ги освоија своите први златни медали на Зимските олимписки игри.[5][6] Најуспешен натпреварувач на игрите беше норвешкиот биатлонец Оле Ејнар Бјорндален, кој освои 4 златни медали.[7] Список по земјиСписокот е направен според информациите добиени од Меѓународниот олимписки комитет (МОК) и е во склад со прописите утврдени од страна на МОК за составување на ваквите списоци. Според прописите, земјите во списокот се претставени со нивните национални олимписки комитети, а се подредени по бројот на освоени златни медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат еднаков број на освоени златни медали, подредувањето продолжува по освоените сребрени, па по освоените бронзени медали. Доколку се случи две или повеќе земји да имаат освоено ист број на златни, сребрени и бронзени медали, тогаш тие заземаат исто место во списокот и се прикажани според редоследот на првата буква во абецедата.
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia