Славеносрпски јазик
Славеноспрски јазик (славяносербскій / slavjanoserbskij или словенскій / slovenskij) е форма на српскиот јазик, која најмногу била користена на крајот на 18 век и почетокот на 19 век од срското население во Војводина, во дијаспората и други делови на Хабсбуршката монархија. Славеносрпски јазик првенствено бил литературен и писмен јазик, а не говорен јазик. Во тоа време, славеносрпскиот јазик бил под големо влијание на црковнословенскиот и од рускиот јазик. ИсторијаНа почетокот на 18 век, литературен и писмен јазик кај Србите била српската рецензија на црковнословенскиот јазик, кој имал вековна традиција.[1][2] После големата српска преселба во 1690, многу Срби ги напуштиле османлиските територии и се населиле во јужните краеви на Кралството Унгарија во Хабсбуршката Монархија, највеќе на територијата на денешна Војводина. Православната црква на ова подрачје имала потреба од богослужбени книги, а српските училишта имале потреба од учебници. Хабсбуршкиот двор не им дозволувал на Србите да формираат свои печатници. Црквата и училиштата добиле голема помош во книги и учители од Руската империја. До средината на 18 век, српскословенскиот т.е. српската рецензија на црковнословенски во голема мера бил заменет со руско-словенскиот (руската рецензија на црковнословенски) како главен литературен јазик на Србите.[3][4] Во тоа време, лаиците станале побројни и позначајни од православните монаси и свештеници помеѓу српските писатели. Световните писатели сакале нивните дела да бидат поблиску до општата српска читателска публика, но во исто време, повеќето од нив го сметале црковнословенскиот за попрестижен и повозвишен од народниот српски јазик. На црковнословенскиот се гледало како продолжување на една античка традиција од прасловенскиот јазик. Писателите започнале да ги мешаат рускословенскиот, народниот српски, и руски јазик, што резултирало со создавање на славеносрпскиот јазик. Првата печатена книга на славеносрпски е од 1768, напишана од Захарије Орфелин. Пред тоа, Германско–Славеносрпски речник бил издаден во 1730те. Овој јазик станал доминантен во световната српска книжевност и публикациите во 1780те и 1790те.[5] На почетокот на 19 век, бил жестоко критикуван од Вук Караџиќ и неговите следбеници, со чија реформа бил стандардизиран современиот српски јазик врз основа на народниот јазик.[6] Последното значајно дело на славеносрпски јазик било објавено во 1825 година.[7] ПоврзаноНаводиБиблиографија
|
Portal di Ensiklopedia Dunia