Портал:Стара скопска чаршијауреди
Стара скопска чаршијаСтарата скопска чаршија (турски: Eski çarşı Üsküp; албански: Çarshia e Vjetër e Shkupit) е трговски и културно-историски дел во Скопје и една од најголемите знаменитости на градот. Се наоѓа на просторот од Камениот мост до Бит-пазар и од Калето до реката Серава. Според административната поделба на градот, просторот на чаршијата се наоѓа на подрачјето на општините Чаир и Центар. Првите документирани податоци за постоење на трговски центар на местото на денешната чаршија се стари од 12 век. Во време на отоманското владеење со Скопје, местото забрзано прераснало во најголем трговски дел од градот, во кој се наоѓале околу 30 џамии, бројни сараи и анови, како и други турски споменици. Чаршијата претрпела големи штети со земјотресите од 1555 и 1963 година, пожарот во 1689 година, како и двете светски војни, по што неколку пати била обновувана. Но, и покрај претрпените штети, чаршијата претставува единствен споменик на културата во Македонија, во кој се препознава наследството од повеќе култури и цивилизации кои учествувале во нејзиното создавање. Прочитајте повеќе...
уреди
Избрана статијаИсхак-беговата џамија е џамија во Скопје, којашто се наоѓа во непосредна близина на пазариштето Бит-пазар. Изградена е по наредба на вториот отомански управител на градот, Исхак-бег, во 1438 година. Низ историјата, џамијата претрпела големи штати, па неколкупати била обновувана и доградувана. Во нејзин состав се наоѓале и турбе, медреса, имарет и конаци; а во неа, Исхак-бег ја основал и една од првите исламски библиотеки во Европа. Своето име, џамијата го добила по наредбодавачот за нејзината изградба, Исхак-бег. Освен како „Исхак-бегова џамија“, позната е и под името „Шарена џамија“, што произлегува од шарените керамички плочки со кои се украсени фасадата и сводовите. Прочитајте повеќе...
уреди
Дали сте знаеле...
уреди
Избрана сликауреди
Историја![]() Историјата на Старата скопска чаршија го опфаќа периодот од постоењето на првите населби на нејзината територија, преку почетоците на нејзиното настанување, нејзиниот понатамошен развој, па сè до неодамнешните случувања. Просторот во околината на Старата скопска чаршија и на Скопското кале бил населен уште 4.000 години п.н.е., а за тоа сведочат археолошките пронајдоци ископани на Скопското кале. Голем развој бил постигнат за време на римското владеење со ргадот Скупи, кога започнале да се градат храмови, театри и други знаменити градби. Своите почетоци како трговски центар, чаршијата ги имала во времето на визнтиското владеење со градот во 11. век, кога управата на манастирот „Св. Ѓорѓи Горгос Скоропостижник“ организирала годишен панаѓур. Во следниот период, просторот започнал забрзано да се развива како трговски центар, а за тоа голем придонес имале и трговците од Дубровник и Венеција. Прочитајте повеќе
уреди
Знаменитости
уреди
Поврзани портали |
Portal di Ensiklopedia Dunia