Португалски креолски јазициПоругалските креолски јазици — креолски јазици коишто го користат португалскиот како основен јазик. ПотеклоОбразување на јазицитеПортугалското прекуморско истражување во периодот на Големите географски откритија довело Португалската Империја да воспостави трговски пунктови, утврдувања и колонии во Африка, Азија и Америка. Контактот на португалскиот јазик со домородните јазици овозможило создавање на пиџински јазици, коишто започнале да се користат како лингва франка во подрачјата со португалско влијание. Со тек на време, многу од овие пиџински јазици биле прифатени од страна на месното население и со тоа станале стабилни креолски јазици. Овие креолски јазици се или биле зборувано главно од страна на потомците на Португалците, домородните народи и понекогаш некои други народи кои ја населувале територијата на колониите на Португалската Империја. Како што обично се случува со најголемиот број креолски јазици, лексиката на овие креолски јазици потекнува од нивните прајазици, а во најголема мера од португалскиот; додека граматиката на секој креолски јазик е главно оригинална и се одликува со мали и незначителни сличности со синтаксата на португалскиот или на супстратскиот јазик. До неодамна, креолските јазици биле сметани за „изопачени“ дијалекти на португалскиот коишто не заслужуваат да им се обрнува внимание. Како последица на тоа, има мал број на материјали со детали за нивното образување. Почнувајќи од 20. век, зголеменото проучување на креолските јазици од страна на јазичарите довело до унапредување на неколку теории. Според моногенетската теорија на пиџинските јазици, пиџинскиот јазик наречен „западноафрикански пиџински португалски“ се претпоставува дека бил зборуван во периодот од 15. до 18. век во утврдувањата основани од страна на Португалците на брегот на Западна Африка. Ваквата варијанта била почетна точка за сите пиџински и креолски јазици. Ова донекаде објаснува зошто португалската лексика се среќава во многу креолски јазици, но уште поважно го објаснува и присуството на бројните граматички сличности меѓу таквите јазици. Пример е предлогот na, со значење „во“ и/или „на“, којшто веројатно потекнува од португалското na, со значење „во“ и употреба пред именки во еднина од женски род. Потекло на иметоПортугалскиот збор за „креолски“ е crioulo, којшто потекнува од глаголот criar (со значење „крева“, „подига“), и суфиксот -oulo, чиешто потекло е дискутабилно. Првобитно, поимот се употребувал за да се разлкуваат припадниците на етничките групи, кои биле родени и израснати во колониите, од оние кои биле родени во својата татковина. Така, поимот во Африка често се користел за разликување на лицата кои биле родени локални и целосно или делумно биле од португалско потекло од оние родени во Португалија; во Бразил, пак, поимот се користел и за разликување на црнците од африканско потекло родени локално од оние кои биле донесени од Африка како робови. Со тек на време, сепак, ваквата родова смисла се изгубила и зборот crioulo или изведените зборови од него станале имиња на некои горногвинејски заедници и нивните јазици: Гвинеобисајците и нивниот горногвинејски креолски, Зелено'рќаните и нивниот зелено'ртски креолски, коишто денес силно придонесуваат кон намалување на важноста на официјалниот стандарден португалски во овие две земји. Классификација
Во Индокина се зборувале неколку одамна изумрени креолски јазици:
Во Америка португалскиот послужил како еден од основните лексички извори (заедно со шпанскиот) за папјаменто и имал значаен придонес во образувањето на сарамаканскиот јазик. Освен тоа, португалскиот се јавува како извор на граматичката структура на мешаниот јазик купопја (кафундо), кој како таен јазик го користат 12 лица во селото Кафундо во бразилската сојузна држава Саун Пауло. Како чинители на лексиката на овој јазик послужиле банту-јазиците, а пред сè умбунду (Ангола). ПоврзаноЛитература
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia