Прањани
Прањани (познато и како: Прахна или Прахњани; грчки: Άσπρο, Аспро; книжевно: Ἄσπρον, Аспрон; до 1926 година: Πράχνα, Прахна[2]) — село во Воденско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Вртикоп, во Централна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓа на 7 километри југоисточно од градот Вртикоп, сред пространото воденско-пазарско поле, на надморска височина од 20 метри.[3] Селскиот атар зафаќа површина од 7 квадратни километри. Сместено е во областа Сланица, на околу 18 километри југоисточно од градот Воден. ИсторијаСелото Прахна до 1924 година било населено исклучително со македонско население.[3] Во 1924 година, грчките власти во селото започнале да населуваат бегалски семејства од Источна Тракија и од други места. Во 1928 година, Прањани претставувало мешана населба со 31 бегалско семејство со вкупно 115 жители.[4] Во 1926 година селото било преименувано во Аспро (Άσπρο).[5] СтопанствоБидејќи се наоѓа во поле и земјиштето, кое е многу плодно, се наводнува, главното занимање на населението претставува земјоделството. Подигнати се големи плантажи со овошје, но се произведуваат и градинарски култури, детелина, памук и друго. Делумно е развиено и краварството.[3] НаселениеСпоред статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година селото имало 230 жители Македонци и 60 Роми.[3][6] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Пранани (Pranani) имало 320 Македонци.[3][7] Во 1920 година, Прањани било посочено со 30 македонски куќи.[3][8] Во пописот од 1913 година било забележано со 123, а во 1920 година со 197 жители, сите Македонци. Во 1924 година, грчките власти тука населиле бегалски семејства од Источна Тракија и од други места (вкупно 124 бегалци). Така, селото станало мешана населба која во 1928 година имала 360, а во 1940 година 497 жители (од нив 285 Македонци и 212 бегалци). Бројот на жителите во 1951 година се искачил на 630, во 1961 година на 722, во 1971 година на 746, во 1981 година на 814, а во 1991 година на 851 жител.[3] Во пописот спроведен во 2001 година, селото било попишано со 794 жители. Во најновиот спроведен попис од 2011 година во Грција, селото било забележано со 808 жители. Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаСелото припаѓа на општинската единица Вртикоп со седиште во истоимениот град, која припаѓа на поголемата општина Вртикоп, во округот Постол. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Прањани, во кој е единствено село. Личности
Наводи
Белешки
|
Portal di Ensiklopedia Dunia