Маврејново
Маврејново (грчки: Μαύρο, Мавро; книжевно: Μαύρον, Маврон; до 1926 година: Μαύριανη, Маврјани[1]) — поранешно село во Пазарско, Егејска Македонија, дел од денешната Општина Вртикоп, во Централна Македонија, Грција. Географија и местоположбаСелото се наоѓало северозападно од градот Пазар, во непосредна близина на селото Мандалево, на надморска височина од 80 метри.[2] Сместено е во Солунското Поле. ИсторијаСпоред Христо Силјанов по Илинденското востание во 1904 година, целото село потпаѓа под водство на Бугарската егзархија.[3] До 1924 година било населено исклучително со македонско население.[2] Во 1924 година, дел од населението (30 Македонци) принудно биле иселени во Бугарија, а на нивно место се населиле неколку бегалски семејства (вкупно 95 бегалци), така што селото станало мешана населба.[2] Во 1926 година, името на селото било променето во Мавро (Μαύρο), што во превоз означува „црно“. СтопанствоГлавни производи на населението биле овошје, пченица, памук и друго, а делумно било развиено и сточарството.[2] НаселениеСпоред Николаос Схинас („Οδοιπορικαί σημειώσεις Μακεδονίας, Ηπείρου, Νέας οροθετικής γραμμής και Θεσσαλίας“) во средината на 1880-тите години во Маврејново (Μαβρένοβον) имало 5 семејства христијани.[4] Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 година во Маврејново живееле 56 Македонци.[2][5] По податоци на секретарот на Бугарската егзархија, Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 година во Мавреново (Mavrenovo) имало 80 Македонци.[2][6] Во 1910 година во селото (Μαυρένοβον) имало 55 жители.[7] Во 1920 година, Маврејново е посочено со 11 македонски куќи.[2][8] Во 1913 година било попишано со 72 (од нив 41 маж и 31 жена[9]), а во 1920 година со 85 жители, сите Македонци. Во 1924 година принудно биле иселени во Бугарија 30 Македонци, а на нивно место се населиле неколку бегалски семејства (вкупно 95 бегалци), така што селото станало мешана населба, која во 1928 година броела 182 жители, во 1940 година 216, во 1951 година 192, во 1961 година 206, во 1971 година 180, во 1981 година 199, а во 1991 година 202 жители, меѓу кои преовладуваат бегалците.[2] Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаСелото влегува во рамките на општината Вртикоп, во округот Постол. Наводи
Белешки
|
Portal di Ensiklopedia Dunia