Прва македонска артилериска бригада
Прва македонска артилериска бригада — бригада на НОБ во Македонија. Таа е една од неколкуте артилериски бригади кои оперирале на територијата на Македонија за време на НОВ.[1] ИсторијатБригадата бил формирана на 16 декември 1944 година во артилериската база бр. 8 во касарната на Скопското кале. Таа била составена од битолската, скопската, струмичката и кумановската артилериска бригада. Бригадата била стационирана во касарната на Скопското кале, во Артилериската база бр. 8. Првиот артилериски дивизион на бригадата учествувал на божиќните демонстрации и поради тоа тој бил разоружан со наредба на ГШ и неговите борци биле распоредени во други бригади. Вториот дивизион бил обучен од македонски и руски стручни лица, имало прилив на нови борци и биле создадени две артилериски бригади: прва и втора. Со наредба на Тито на 20 февруари, тие биле испратени на Сремскиот фронт, каде пристигнале на 2 март 1945.[1] КомандаКоманданти на бригадата биле[1]:
Политички комесари на бригадата биле Борис Петковски Симеонов и Петар Лаковиќ, а нивни заменици биле Боро Арсовски и Бранко Кузмановски - Гуцман, а како политички комесар на Базата бр. 8 бил Владо Стругар.[1] Бригадата била составена од Прв артилериски дивизион, Втор артилериски дивизион и еден противавионски дивизион.[1] Командниот состав на првиот дивизион бил:[1]
Командниот состав на вториот дивизион бил:[1]
НаводиПоврзано
|
Portal di Ensiklopedia Dunia