Оле Гунар Солшер
Оле Гунар Солшер (роден на 26 февруари 1973) — поранешен норвешки фудбалер, кој го поминал поголемиот дел од својата кариера играјќи за англискиот гигант Манчестер Јунајтед, како напаѓач но исто така бил користен и како крило. Моментално е без клуб. Пред доаѓањето во Англија, Солшер играл само за два клуба во Норвешка: Клаусенген и Молде. Тој му се приклучил на Манчестер Јунајтед во 1996 година, за сума од 1,5 милиони £. Солшер играл за клубот 366 пати во кој постигнал 126 гола во текот на еден успешен период за клубот и бил наречен "убиец со детско лице" од страна на медиумите. Исто така тој се здобил и со прекарот "Златна резерва", заради неговата способност да влегува од клупата за резерви и да постигнува многу важни и клучни голови. Сепак, моментот по кој Солшер засекогаш ќе остане запаметен во светот на фудбалот се случил кога тој го постигна победеносниот гол за Јунајтед во последната минута од судиското продолжение во финалето на Лигата на шампионите 1999 година, со кој го однел неговиот тим до титулата европски клупски првак совладувајќи го Баерн Минхен со 2-1 во најлудото финале на шампионската лига досега. Оваа сезона за Солшер и неговите соиграчи завршила со Требл (или Тројна Круна), откако црвените ѓаволи триумфирале претходно и во Премиер лигата и ФА Купот. Во 2007 година, Солшер го најавил своето пензионирање од фудбалот, откако не успеал да се опорави од сериозна повреда на коленото. Сепак, тој останал дел од Манчестер Јунајтед откако ја преземал тренерската улога, во помладите категории на клубот. Во 2008 година, Солшер станал менаџер на резервите на Манчестер Јунајтед, пред да се врати во својата родна земја во 2011 година за да го води својот поранешен клуб, Молде, кого го доведе до нивниот прв шампионски трофеј во лигата во историјата на клубот во 2011 година, а веднаш потоа и до вториот во 2012 година. По краток престој на клупата на Кардиф Сити во 2014, во кој тој не успеал да го спаси клубот од испаѓање од Премиер лигата, Солшер се вратил во Молде во 2015 година. Кон крајот на 2018 година, Солшер бил нзаначен за привремен тренер на Манчестер Јунајтед по отпутањето на Жозе Мурињо. Тој, исто така, врши надзор на академијата за обука на млади фудбалери во неговиот роден град Кристијансунд, и е покровител на Manchester United Supporters' Trust. ЖивотописСолшер е роден во Кристијансунд, Мере и Румсдал, како син на Ејвинд шампион во борење во грчко-римски стил,[1] и Брита Солшер.[2] На возраст од седум години Солшер му се приклучил на локалниот фудбалски клуб Клаусенген[3] кој се натпреварувал во Третата дивизија на Норвешка.[4] Некаде помеѓу 8 и 10 години, Солшер ги следел стапките на неговиот татко и тренирал борење во грчко-римски стил, но се откажал.[5][6] Помеѓу 1992 и 1993, Солшер поминал една година во норвешката армија.[5][7] Тој е оженет со својата сопруга Сиље, со која имаат три деца Ноа, Карна и Елија. Клупска кариераКлаусенгенСолшер дебитирал за Клаусенген на возраст од 17 години во 1990.[8] Солшер импресионирал на Ота купот кога како 17-годишник постигнал седумнаесет гола во шест натпревари. На 21 мај 1993, Клаусенген се сретнал со Молде во Купот на Норвешка, а Солшер го постигнал единствениот гол за својот тим во поразот со 6-1.[9] Клаусенген изборил промоција во Втората дивизија на Норвешка во 1993, освјувајќи ја Третата дивизија со предност од 12 бода.[10] Во својата последна сезона во Клаусенген, 1994, Солшер постигнал 31 од 47-те гола на Клаусененген во Втората дивизија,[8] помагајќи му на клубот да заврши на средината на табелата освојувајќи го 6-тото место.[11] Во петте сезони поминати во Клаусенген, Солшер има повеќе од еден гол за клубот во просек, постигнувајќи 115 гола во 109 натпревари.[8] Молде![]() По крајот на сезоната 1994, тој бил купен од Аге Хареиде, тренерот на норвешкиот прволигаш, Молде, за сума од 200.000 норвешки круни.[8][12] На 22 април 1995, Солшер го направил своето деби за Молде против Бран, постигнувајќи два гола во победата со 6–0.[13][14] Во својот втор натпревар на 29 април, Солшер постигнал хет-трик помагајќи му на Молде да го победи Викинг со 5–4.[13][14] На 14 мај, тој одново бил двоен стрелец во победата со 2–1 над Хам-Кам.[13][14] Два дена подоцна, постигнал уште еден хет-трик во победата над Хед со 7–2.[13][14] На 30 јули, Солшер постигнал гол од пенал во победата со 4–1 над Стриндхајм.[14][15] На 10 август, Солшер дебитирал во европските натпреварувања, во квалификациите за Купот на победниците на куповите, против белорускиот Динамо Минск.[15] Молде губел на полувремето, меѓутоа Солшер успеал да изедначи во 85-тата минута.[16] Тој исто така постигнал гол и во реваншот во кој Молде победил со 2–1 (3–2 вкупен резултат) и се пласирал во главниот жреб за Купот на победниците на куповите.[17] На ждрепката Молде бил извлечен како противник на францускиот Париз Сен Жермен, а Солшер постигнал гол во првиот натпревар на 14 септември, кога неговиот тим загубил со 3-2 на Стадион Молде.[18] Тој играл и во реваншот на 28 септември кога Молде бил надигран и поразен со 3–0.[19] Молде ја завршил сезоната на 2-рото место во норвешкото првенство, со 15 бода зад шампионот Розенборг.[20] Во неговата прва сезона во Молде, тој постигнал 20 гола во 26 натпревари во лигата.[21] Солшер оформил одлично партнерство во нападот, со Арилд Ставрум и Оле Бјорн Сундгот – што доведува до тоа да ги нарекуваат "The Three S's" (трите С), поради првата буква во нивните презимиња.[13][22] Втората сезона во Молде, Солшер ја започнал со пораз од Розенборг со 2–0.[23] Сепак, веќе во следниот негов натпревар на 21 април 1996 против Мос, тој постигнал хет-трик во победата со 8–0,[23] и додал уште два во победата со 3-0 над Тромсо на 19 мај.[23][24] Одличната форма на Солшер, довела до тоа тој да привлече интерес од германскиот Хамбургер и италијанскиот Каљари.[25] Потоа тренерот на Молде, Аге Хареиде, ја одредил цената на Солшер со што го направил играчот достапен за трансфер во Евертон и поранешниот клуб на Хареиде Манчестер Сити ако им биде испалатена сума од 1.2 милиони фунти.[25] Сепак, ниту Евертон ниту Сити во тој момент не биле подготвени да ризикуваат со купувањето на младиот норвежанец, а и интересот на Хамбургер и Каљари опаднал кога и Манчестер Јунајтед се вклучил во трката и испатил понуда вредна 1.5 милиони фунти за време на Европското првенство 1996, која од Молде подоцна била прифатена.[25] Својот последен настап за Молде, Солшер го направил на 21 јули 1996 во победата со 5–1 над Старт, постигнувајќи го четвртиот гол во 85-тата минута, пред да го фрли неговиот дрес на трибините при прославата на голот и да добие огромен аплауз кога бил заменет.[26] Вкупно за Молде Солшер постигнал 41 гол во 54 натпревари во сите натпреварувања.[26] Манчестер ЈунајтедРаните години во Манчестер ЈунајтедСолшер му се приклучил на Јунајтед на 29 јули 1996 година, и бил нешто како изненадување за навивачите бидејќи во тоа време бил речиси непознат надвор од неговата татковина и во времето кога Јунајтед сè уште се обидувале да го доведат напаѓачот на Блекбурн Роверс и англиската репрезентација, Алан Ширер, кој потоа му се приклучил на Њукасл Јунајтед за светски рекорден трансфер од 15.000.000 £. Како единствен напаѓач кој пристигнал на Олд Трафорд таа година, според очекувањата тој требало да биде резервна опција за Ерик Кантона и Енди Кол со само повремени појавувања во почетниот тим. Но, по неколку недели од неговото доаѓање било јасно дека тој ќе биде клучен дел од првиот тим, а не како што порано се претпоставувало, а исто така тој се покажал како една од најголемите и најповолните зделки во Премиер лигата во таа сезона. Солшер го добил дресот со број 20, број со кој тој ќе настапува и во остатокот од неговата кариера во Манчестер Јунајтед. Шест минути по влегувањето во игра, тој го постигнал својот прв гол за Јунајтед во неговиот деби за клубот против Блекбурн Роверс. Тој постигнал 18 голови во Премиер лигата за Јунајтед во својата дебитантска сезона, помагајќи му на клубот да ја освои титулата во последните кола од сезоната. Веднаш потоа, Британските медиуми го нарекле Солшер "Убиец со детско лице", алудирајќи на неговиот младешки изглед и неговиот смртоносен завршен удар пред голот. Тој можеби најдобро ќе биде запаметен како "златна-резерва", откако заработил големи признанија за одличната работа која ја вршел со влегувањето од клупата во натпреварите и големиот број на постигнати голови, имено како резерва. Сер Алекс Фергусон забележал дека Солшер има цака, додека седи на клупата да проучува како тече играта, без да го тргне погледот од акцијата. Размислувајќи за овој аспект на неговата кариера во подоцнежните години, Солшер изјавил: "Морав да мислам за себе, како можам да му направам најмногу штета на противникот ако влезам во игра? Ја студирав играта, но никогаш не ги анализирав противничките напаѓачи [...], туку обрнував внимание на грешките на одбранбените играчи и на крајните дефанзивци за да знам во која зона имам најголеми шанси.[27] Сезоната 1998-1999; Освојување на тројна крунаСезоната 1998-1999 започнала лошо за Солшер и за Манчестер Јунајтед, откако тие доживеале дебакл во Черити Шилд натпреварот каде биле поразени со 3-0 од Арсенал. Оле се појавил во игра во 53-тата минута како замена за Ники Бат кога резултатот бил 1-0 за Арсенал.[28] Својот прв погодок во сезоната тој го постигнал на 9 септември 1998, кога тој и Двајт Јорк реализирале по два гола во победата над Чарлтон Атлетик со 4-1 на Олд Трафорд. До крајот на есенскиот дел од сезоната тој постигнал уште 3 првенствени гола, два во Лига купот и еден во Лигата на шампионите. На 24 јануари 1999, тој го постигнал победничкиот погодок за Јунајтед во последната минута од натпреварот против Ливерпул, со кој го спасил неговиот тим од преигрување на Енфилд и го испратил во 5-тата рунда од ФА Купот. Подоцна Јунајтед и го освоил овој турнир. Еден од највпечатливите подвизи во кариерата, Солшер направил на 6 февруари истата година кога влегувајќи од клупата за резерви во 72-рата минута успеал да постигне четири гола во последните 12 минути во победата на Јунајтед со неверојатни 8-1 над Нотингем Форест. Крајот на фудбалската сезона 1998-1999 бил одбележан со финалето на Лигата на шампионите, кое било едно од највозбудливите во историјата на ова натпреварување. Манчестер Јунајтед бил во негатива против Баерн Минхен до почетокот на судиското продолжение во кое на сцена настапиле резервните напаѓачи на Фергусон. Најпрво Теди Шерингам го израмнил резултатот во 91-вата минута, а две минути подоцна токму Солшер, реагирал фантастично по ударот со глава на еден од неговите соиграчи за да направи целосен пресврт и да му ја донесе на својот тим втората титула европски првак. Солшер ја завршил сезоната со вкупно 18 постигнати голови (во сите турнири) и со значаен придонес за освоениот Требл. Стартер и капитенСолшер уште еднаш постигнал четири гола на еден натпревар, овојпат против Евертон во победата од 5-1 во сезоната 1999-2000. По неколку сезони во кој влегувал од клупата како супер-замена, Солшер добил шанса да биде стартер во сезоната 2001-2002, во тандем со холандскиот напаѓач Руд ван Нистелрој. Тој ја искористил можноста со карактеристична иницијативност за него, принудувајќи ги Енди Кол и Двајт Јорк да седат на клупата. Од сезоната 2002-2003, кога и Енди Кол и Двајт Јорк го напуштиле Олд Трафорд, Солшер ги имал само Диего Форлан и ван Нистелрој како конкуренти за место во почетната постава. Сепак, упорноста на Фергусон да игра со Пол Сколс зад единствениот напаѓач, Ван Нистелрој ги ограничиле можностите за место во почетниот состав на Солшер. Сепак, нешто подоцна кога Дејвид Бекам заработил повреда, Фергусон решил да го искористи Солшер како десно крило. Во истовреме додека се докажува како добар нафрлувач на топката, норвежанецот исто така постигнувал и голови, постигнувајќи вкупно 16 гола во сезоната. Тој бил стартер и во важните натпревари на тимот, како што бил оној против Арсенал во лигата и против Реал Мадрид во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Тој, исто така, бил и капитен на тимот во голем број на натпревари. Во овој период Солшер играл и за Норвешка на Светското првенство 1998 и Европското 2000. Сезоните во кој се соочува со повредиНа почетокот на сезоната 2003-2004, Солшер бил прв избор на Јунајтед на позицијата десно крило. Сепак, тој претрпел повреда на коленото во натпреварот против Панатинаикос на 16 септември 2003 година и бил надвор од акција до февруари 2004 година. Солшер се вратил по повредата во вториот дел од сезоната и бил играч на натпреварот во победата над Арсенал во полуфиналето на ФА Купот. Тој исто така играл и во финалето на ФА Купот, во кое клубот го победил Милвол со 3-0. Солшер бил принуден да се подложи на интензивна операцијата на коленото во август 2004 година и поради тоа морал да ја пропушти целата сезона 2004-2005. Додека да ја обнови својата фитнес-форма, враќањето во почетната постава за веќе 32-годишниот напаѓач на Манчестер Јунајтед било многу потешко од претходно. Но сепак, навивачите на Олд Трафорд, покажувале речиси фанатичка лојалност во нивната желба да го видат Солшер повторно во акција. За да ја покажат својата континуирана поддршка, навивачите создале банер кои бил напишан на Стретфорд Енд трибината, со натпис "20 LEGEND"[29] (поради тоа што Солшер го носел бројот 20 за време на целата своја кариера во Јунајтед). Солшер дополнително го зацврстил неговиот статус меѓу навивачите на Јунајтед кога станал покровител на поддржувачката акциона група, Манчестер Јунајтед Поддржувачи и Верници (Manchester United Supporters Trust или MUST). Враќање по повредата и пензионирањеСолшер го направил своето долго очекувано враќање во акција на 5 декември 2005 година, играјќи за резервите на Јунајтед против Ливерпул. Дури 2738 гледачи дошле да бидат сведоци на враќањето на популарниот норвежанец на зелениот терен. Тој го направил своето враќање во првиот тим, како замена во натпреварот против Бирмингем Сити на 28 декември. Тој потоа конечно го направил својот прв старт за повеќе од една година подоцна во натпревар од ФА Купот против Бартон Албион, пред да го одигра целиот натпревар како капитен во преигрувањето. Неговото враќање во полна кондиција полека продолжило со редовните настапи за резервите, сè додека на 8 март 2006 година, кога, за време на натпреварот против Мидлзборо, тој бил случајно удрен од страна на Уго Ехиогу, што предизвикало кршење на неговата јаболчна коска. Додека се соочувал со можноста да отсуствува во остатокот од сезоната, тој сепак се појавил како замена против Сандерленд на Велики петок. Солшер имал многу успешна пред-сезонска турнеја во текот на летото на 2006 година и добива пофалби од страна на Фергусон, кој, исто така, рекол дека ќе го преиспита својот план да купи нов напаѓач. Тој се вратил во акција во Премиер лигата на 23 август 2006 година, кога тој постигнал погодок во натпреварот против Чарлтон во гости, неговиот прв погодок во Премиер лигата од април 2003 година. Фергусон ја искоментирал ситуацијата по натпреварот изјавуваќи дека "тоа бил голем момент за Оле, навивачите на Јунајтед насекаде во светот, играчите и вработените и сите други на крајот биле среќни што тоа се случило". Солшер опстана и никогаш не ја загуби вербата дека може да се врати во светскиот фудбал и оваа вечер доби наплата за својот труд и упорност. Сите сме во месечината за него." Тој продолжил да прави корисни работи за тимот постигнувајќи го победнички гол во Лигата на шампионите против Селтик на 13 септември, исполнувајќи ја својата пост-повредата амбиција да постигне макар уште еден гол на Олд Трафорд. Првиот гол во Премиер лигата на Олд Трафорд, по неговото враќање Солшер го постигнал на 1 октомври, кога тој ги постигнал и двата гола во победата со 2-0 против Њукасл Јунајтед. Неговата стрелачка форма продолжила кога тој го започнал гостувањето кај Виган Атлетик и постигнал прекрасен погодок за да ја заокружи победата од 3-1, и реализирал повторно против Кру Александра на 25 октомври 2006, постигнувајќи го првиот од двата гола во победата со 2-1. По натпреварот против Рединг Солшер имал уште една операција на коленото. Сепак, тоа не била толку сериозна како неговите претходни операции, и тој бил ставен надвор од акција за само еден месец. Тој бил на располагање за натпреварот на 31 март против Блекбурн Роверс. Солшер го направил својот кам-бек по повредата против Блекбурн Роверс како доцна замена, па дури и постигнал гол во 89-тата минута за да ја запечати победата од 4-1 над Манчестер Јунајтед. Неговиот последен натпревар бил ФА Куп финалето против Челси, што не завршило како бајка за Солшер откако во екстра-времето голот на Дидје Дрогба му ја донел победата на Челси. Во сезоната 2006-2007, Солшер оформил прекрасни партнерства со класни напаѓачи како Кристијано Роналдо, Вејн Руни и Луј Саа кој му помогнале да постигнува голови, па така тој завршил со вкупно 11 голови (7 во Премиер лигата, 2 во ФА купот, 1 во Лига купот и 1 во Европа). На 5 јуни 2007 година, било најавено дека Солшер повторно бил подложен на мала операција откако тој објавил непријатност во коленото додека тренирал со норвешката репрезентација. Операцијата била успешна, но Солшер не успеал целосно да се опорави и го најавил своето пензионирање од професионалниот фудбал на 27 август 2007 година. На 4 септември, на натпреварот против Сандерленд, Солшер се симнал на теренот за да им каже збогум на навивачите и добил огромни овации. Од неговото пензионирање, Солшер го држи рекордот за најмногу постигнати голови за Манчестер Јунајтед како замена, постигнувајќи 28 гола од клупата за резерви. Прошталниот натпревар![]() На 2 август 2008 година, се одиграл проштален натпревар во чест на Солшер, кога неговиот Јунајтед на Олд Трафорд се соочил со шпанскиот Еспањол. Над 68.000 гледачи биле присутни на натпреварот, кој бил одлучен во финишот кога замената Фрејзер Кемпбел го постигнал победничкиот гол за Јунајтед. Солшер се појавил во игра во 68-мата минута, на местото на Карлос Тевес. Тој шутирал во рамките на голот на трипати и бил заслужен за погодокот на младиот Кемпбел. По крајот на натпреварот, Солшер им се обратил на навивачите со говор, заблагодарувајќи се на персоналот, играчите, навивачите и неговото семејство. Репрезентативна кариераСолшер го направил своето репрезентативно деби во пријателски натпревар против Јамајка на 26 ноември 1995 година, само неколку месеци пред да се приклучи на Манчестер Јунајтед. Натпреварот завршил нерешено 1-1, а токму Оле Гунар го постигнал единствениот гол за Норвешка. Тој ја продолжи својата добра голгетерска форма постигнувајќи три гола за време на неговите први натпреварувачки настапи за репрезентацијата во текот на квалификациите за Светското првенство 1998. Солшер играл за Норвешка и на Светското првенство 1998[30] како и на Европското првенство 2000. Тој формирал страшно партнерство со репрезентативниот тимски колега и екс напаѓачот на Челси Торе Андре Фло, на кое се гледа како едно од најдобрите и највпечатливите партнерства во историјата на норвешката репрезентација. По неговиот долг список на повреди Солшер го направил своето враќање во репрезентацијата на 2 септември 2006 година, кога тој ги постигнал првиот и последниот гол во победата со 4-1 над Унгарија во натпревар од квалификациите за Евро 2008[31]. Тие биле неговите последни голови за репрезентацијата завршувајќи со вкупно 23 гола на својата сметка. Неговиот последен настап за Норвешка дошол во натпреварот против Хрватска во февруари 2007 година, завршувајќи со скор од 67 настапи за репрезентацијата. Хронологија на репрезентативните настапиТренерска кариераПрвите тренерски чекориСолшер го потпишал својот последен договор со Манчестер Јунајтед на 31 март 2006 година, со одредба за да му дозволи да ги развие своите тренерски вештини. Тој, исто така, имал и амбасадорска улога за клубот, кога во 2006 година отпатувал за Хонгконг и играл со учениците од фудбалската школа на Манчестер Јунајтед во Хонгконг. Кога бил интервјуиран од страна на Сетанта спортс во август 2007 година, Солшер потврдил дека учи да биде тренер откако ќе се пензионира од професионалниот фудбал и ќе ги добие потребните значки по неговата последна сезона со Манчестер Јунајтед. По неговото пензионирање, Солшер работел со Сер Алекс Фергусон на Олд Трафорд, тренирајќи ги напаѓачите на првиот тим за остатокот од сезоната 2007-2008.[33] Како што било најавено на 20 мај 2008 година, тој ги преземал Резервите на Манчестер Јунајтед во текот на летото 2008 година. Солшер бил првиот постојан менаџер на резервниот тим на Јунајтед од 2006 година, преземајќи го тимот од Брајан Меклер и Џими Рајан, кои ја имале улогата на привремени менаџери. Тој го освоил Ланкашир Сениот купот победувајќи ги Резервите на Ливерпул со 3-2 во финалето.[34] На 12 мај 2010 година, Солшер го освоил својот прв Манчестер Сениор куп победувајќи го Болтон Вондерерс со 1-0 на Рибок.[35] По кратко време откако Аге Хареиде дал оставка на позицијата селектор во норвешката репрезентација, на Солшер му била понудена можност да го преземе норвешката репрезентација; тој ја одбил, велејќи дека уште не е вистинското време за него да стане селектор на Норвешка.[36] Последниот натпревар на Солшер како менаџер на Резервите на Манчестер Јунајтед била победата со 5–1 над Њукасл Јуанјтед на 16 декември 2010.[37] МолдеНа 9 ноември 2010 година, Солшер потпишал четиригодишен договор со норвешкиот клуб Молде за да ја преземе тренерската функција во клубот, каде што играл пред да се пресели во Манчестер Јунајтед.[38] Солшер продолжил да биде менаџер на Резервите на Манчестер Јунајтед до јануари 2011 година, кога го презел Молде за почетокот на новата сезона.[39] На 18 март 2011 година, Молде го одиграл својот прв првенствен натпревар под водство на Солшер и претрпел непријатен пораз од 3-0 од новопромовираниот клуб Сарпсборг 08. Својата прв домашен натпревар во сезоната го одиграле на 3 април, каде што и покрај тоа што дошле до пресврт од 1-0 негатива до водство од 2-1, на крајот неуспеале да ја задржат предноста и завршиле 2-2 против водачот во лигата Тромсо. Во овој натпревар бил постигнат првиот гол на Молде откако Солшер станал тренер на клубот, а тој бил дело на сенегалскиот напаѓач Папе Пате Диуф. На 17 април 2011 година, Солшер дошол до својот прва лигашки триумф со Молде во победата со 3-2 над Стабек. На 100-годишнината на Молде на 19 јуни 2011 година, тимот на Солшер го победил Согндал со 2-0 и се искачил на врвот на табелата. На 30 октомври 2011 година, Солшер ја освоил титулата во норвашката Елитсериен со Молде во својата прва година како менаџер на тимот.[40] На 18 мај 2012 година, Молде и дозволил на Астон Вила да разговараат за преземање на тренерската функција во клубот со Солшер, по отпуштањето на Алекс МекЛиш.[41] Сепак, Солшер одлучил да остане во Молде за да избегне попречување на неговото семејство откако тие се вратиле во Норвешка.[42] На 11 ноември 2012 година, Молде на Солшер, ја освоил титулата во Елитсериен 2012, станувајќи шампион вторпат по ред благодарение на победата над Хонефос со 1-0, додека нивните најблиски конкуренти за титулата, Стромсгодсет загубиле со 2-1 од Санес Улф.[43] Во 2013, Молде доживеал тешка сезона со само 7 бода во првите единаесет натпревари. Под водство на Солшер, Молде успеал да се опорави и на крајот на сезоната, екипата завршила на шестото место со 44 бода во 30 натпревари. На 24 ноември 2013 година, Молде го победил Розенборг со 4-2 во финалето на Купот на Норвешка 2013, освојувајќи го домашниот куп за третпат во историјата на клубот, со што обезбедиле место во квалификациите за Лигата на Европа 2014-2015.[44][45] Кардиф Сити![]() На 2 јануари 2014, Солшер бил назначен за менаџер на Кардиф Сити.[46] Во својот прв натпревар на функцијата, тој остварил победа над Њукасл Јунајтед со 2-1 во третиот круг на ФА Купот два дена подоцна.[47] Кардиф потоа се борел за бодови и по поразите против Свонзи Сити,[48] Хал Сити,[49] Кристал Палас[50] и Сандерленд,[51] Кардиф испаднал назад во Чемпионшип по само една сезона откако со 3–0 нагости биле поразени од Њукасл.[52] На крајот на сезоната, Кардиф завршил на последното 20-то место, освојувајќи само 7 победи и 30 бода. Солшер останал тренер и во Чемпионшип следната сезона, но заминал на 18 септември 2014 по лошата форма на Кардиф Сити на почетокот на првенството.[53][54] Враќање во Молде и Манчестер ЈунајтедНа 21 октомври 2015 година, Солшер се вратил во Молде, потпишувајќи три и пол годишен договор за да стане нивниот нов менаџер.[55] Тој го водел тимот до првото место во својата група во Лигата на Европа, пред Фенербахче, Ајакс и Селтик.[56] Во шеснаесттина-финалето, тие загубиле со вкупен резултатат 3–1 од бранителот на титулата Севиља, и покрај тоа што победиле во реваншот.[57] Во вториот мандат на Солшер во клубот, Молде завршил како втор во Елитсериен 2017 и 2018 и загубиле со 2–1 во гости од северноирскиот Гленавон во првиот натпревар од првото квалификациско коло за УЕФА Лига Европа. Сепак, тие ја надминале негативата на домашен терен и се пласирале во следниот круг. На 3 декември 2018, Молде објавиле дека го продолжиле договорот со Солшер до 2021 година.[58] Сепак, на 19 декември 2018 Манчестер Јунајтед го назначил Солшер за привремен менаџер на клубот, преземајќи го од Жозе Мурињо за остатокот од сезоната 2018-2019 додека не се најде трајна замена.[59] Тој би требало да се врати во Молде во мај 2019 година, а до тогаш неговиот асистент-тренер Ерлинг Мо ќе го води тимот како привремен тренер за време на отсуството на Солшер во натпреварите од пред-сезоната и првите натпревари од Елитсериен 2019, која започнува на 31 март 2019.[60] Првиот натпревар на Солшер на клупата на Јунајтед бил против неговиот поранешен клуб, Кардиф Сити, на 22 декември 2018 година, во кој црвените ѓаволи забележале убедлива од 5-1 на гостувањето во Велс.[61] Ова било првпат Јунајтед да постигне пет или повеќе голови во еден натпревар од Премиер лигата уште од ремито 5-5 со Вест Бромвич Албион во последниот натпревар на клупата на Манчестер на легендарниот Сер Алекс Фергусон, непосредно пред неговото пензионирање во мај 2013.[62] Победите над Хадерсфилд Таун, Борнмут, Њукасл Јунајтед и Тотенхем во неговите следни четири првенствени натпревари значеле дека Солшер станал првиот менаџер на Манчестер Јунајтед кој победил во неговите први пет првенствени натпревари на клупата уште од Сер Мат Базби во 1946 година.[63] Победата над Брајтон ја продолжила неговата победничка серија на шест првенствени натпревари,[64] додека победите над Рединг и Арсенал во ФА Купот, го донеле до бројката 8 од 8 во сите натпреварување како менаџер на Јунајтед.[65] Статистика на кариератаКлупска статистика
Репрезентација
Тренерска статистикаСтатистиката е ажурирана на 13 март 2019. Во болд се освоените натпреварувања.
ТитулиИграч
Тренер
Почести
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia