Сеп Ванмарке
Сеп Ванмарке (холандски: Sep Vanmarcke; р. 27 јули 1988 во Кортрајк) — белгиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата Израел-Премиер Тек.[1] Во август 2021 година бил именуван во почетниот состав за Вуелта а Еспања, негова седма голема трка. КариераВанмарке е роден во Кортрајк.[2] Гармин-Сервело (2011–2012)Ванмарк ја освоил најголемата победа во неговата кариера на Омлоп Хет Ниувсблад 2012, напаѓајќи силно на двапати. Првиот напад го извел на искачувањето Моленберг, ја поделил групата и повторно на делот со калдрма со цел да ја намали водечката група на само два учесника, Хуан Антонио Флеча (Тим Скај) и Том Бонен (Омега Парма-Квик Степ). Ги отспринтал обајцата и победил на трката.[3] Бланко Про Сајклинг (2013–2016)2013Во 2013 година, Ванмарке бил насочен на класиците, но го повредил неговото колено при пад на Тирено-Адријатико, што ја забавило неговата форма за првите важни еднодневни трки во сезоната. Сепак, учествувал на Трката околу Фландрија, завршувајќи 3 минути зад Фабијан Канчелара.[4] Една недела подоцна, завршил втор на Париз-Рубе зад истиот човек. Избегал со Стејн Ванденберг по делницата со калдрма 6, но подоцна им се приклучиле на Канчелара и Здењек Штибар. На делницата со калдрма Карфур де л’Арбр, Штибар и Ванденберг паднале откако се судриле со гледачите.[5] Ванмарке изгубил во спринтот со Канчелара одржан на велодромот, што му паднало емотивно многу тешко, бидејќи бил многу близу за победа.[6] 2014Во 2014 година, Ванмарке покажал одлична форма на класиците, со четвртото место на Омлоп Хет Ниувсблад и третото место на Курне-Брисел-Курне следниот ден. Исто така забележал пласмани во првите пет на Е3 Харелбеке (петти) и Гент-Вевелгем (четврти). На Трката околу Фландрија, Ванмарке бил единствениот возач кој можел да го следи нападот на Канчелара на последното искачување на Патерберг. Двоецот ги фатил претходните бегалци, Ванденберг и Грег ван Авермат. Трката завршила со спринт на четворица, каде Канчелара извојувал победа пред Ван Авермат и Ванмарке. 2015–2016Ванмарке не успеал да забележи пласман меѓу најдобрите десет на монументите во сезоната 2015, но завршил петти на Омлоп Хет Ниусблад, четврти на Страде Бјанке, петти на Е3 Харелбеке и шести на Гент-Вевелгем. Во последната сезона со Лото НЛ-Џамбо во 2016 година, Ванмарке завршил на подиум на Трката околу Фландрија и четврти на Париз-Рубе. Исто така, бил осми на Е3 Харелбеке и завршил втор на Гент-Вевелгем. Негов најдобар резултат во сезоната била победата на четвртата етапа и целата трка Стер ЗЛМ Тур. Канондејл-Драпак (2017–2020)За сезоната 2017, Ванмарке се вратил во неговата поранешна екипа, за која возел во 2011-2012. Завршил трет на Омлоп Хет Ниусблад, но паднал на Трката околу Фландрија, што го спречило од настап на Париз-Рубе. Меѓутоа, се вратил на трките и го освоил националното друмско првенство. Првиот подиум на Ванмарке во сезоната 2018 бил на Омлоп Хет Ниусблад, каде завршил трет. Потоа завршил седми на Е3 Харелбеке пред да заврши трет на Дварс дор Вландерен. На Трката околу Фландрија, Ванмарке уште еднаш имал лоша среќа со неколку дупнати гуми на почетокот на трката. Сепак, завршил на 13. место, а една недела подоцна на Париз-Рубе завршил шести. Завршил на петтото место на националното друмско првенство пред да го својот петти настап на Тур де Франс во јули. Израел Старт-ап НејшнВо октомври 2020 година, Ванмарке потпишал тригодишен договор со екипата Израел старт-ап нејшн.[7] Достигнувања
Распоред на резултатите на големите трки
СО = се откажал; — = не учествувал Распоред на резултатите на класиците
СО = се откажал; — = не учествувал; НСО = не се одржала Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia