Смедеревка

Смедеревка[1] — домороден вид на бело грозје и белото вино произведено од истото.

Грозје

Грозје од сортата Смедеревка во Тиквешијата

Оваа врста на бело грозје е со изразито златножолта зеленкаста боја. Името го добила по градот Смедерево во Србија каде настанала како автохтона сорта во бреговитито подунавско виногорје.

Се смета дека одгледувањето на винова лоза на овој простор (а со тоа и на смедеревката) датира од времето на римскиот цар Проб.[2].

Зрната се збиени и поситни, а вкусот е малку киселикав, така што оваа сорта грозје во најголема мера се користи за производство на бело вино.

Вино

Виното произведено од оваа сорта грозје го носи истото име – смедеревка. Смедеревката е една од најраспространетите сорти во Македонија. Во Србија се произведува во заечарското виногорје, додека во смедеревското повеќе не се произведува.

Виното е со киселикав вкус и најчесто се консумира мешано со сода или со кисела вода. Овој пијалак е познат под името „шприцер“.

Наводи

Prefix: a b c d e f g h i j k l m n o p q r s t u v w x y z 0 1 2 3 4 5 6 7 8 9

Portal di Ensiklopedia Dunia

Kembali kehalaman sebelumnya