Според истражувањата од 1929 година, родови во селото се:
Староседелци:Станковци кои се делат на Мерџовци (1 к.), Ѓуровци (2 к.), Бурчевци (4 к.), Грковци (9 к.) и Павлевци (2 к.), потоа, Чакаревци (2 к.), Шарковци (5 к.), Гоговци (2 к.), Бошковци (4 к.), Мишевци (1 к.), Бучуковци (1 к.) и Мечови (1к)
Доселеници:Анчевци (3 к.) потекнуваат од домазет доселен од селото Каласлари; Басаровци (4 к.) доселени се од селото Сопот; Шумантевци (2 к.) доселени се од селото Иванковци; Шабановци (6 к.) доселени се од Крушје; Кушевци или Србиновци (1 к.) доселени се од Иванковци; Петковци (1 к.) доселени се од некое село во Овче Поле; Домазетовци (1 к.) доселени се од селото Лугунци; Дамчевци (1 к.) потекнуваат од домазет кој дошол во 1918 година од селото Злести во Дебрца. Овде влегол во родот Шабановци.[11]
Во селото постои избирачкото место бр. 2190 според Државната изборна комисија, сместени во просториите на објект сопственост на здравковиќ росанда. Во ова избирачко место е опфатено и селото Ветерско и Лугунци.[12]
↑„Оваа категорија опфаќа лица коишто учествуваат во вкупното резидентно население, но поради нивно одбивање да бидат попишани, неможност да бидат најдени на својата адреса на живеење и непотполност во работата на попишувачите не биле официјално попишани, туку за нив податоците биле преземени од административни извори и затоа не учествуваат во изјаснувањето за етничка припадност, вероисповед и мајчин јазик (Прочитајте повеќе...).“