Стреличарство на Летните олимписки игри 2012![]() Натпреварите во стреличарство на Летните олимписки игри 2012 се одржаа од 27 јули до 3 август 2012 година. Се одржаа натпревари во четири дисциплини и сите од нив беа на Лордовиот терен за крикет во Лондон пред околу 6.500 гледачи. Формат на натпреварување![]() На турнирот во стеличарство ќе учествуваат 128 натпреварувачи (по 64 во двете конкуренции) во четири дисциплини: мажи поединечно, жени поединечно, мажи екипно и жени екипно.[1] Натпреварувањето ќе се одвива во склад со правилата на Светската Стреличарска Федерација. Пречникот на метата од 1,22 метра се наоѓа на оддалеченост од 70 метри од натпреварувачот. Погодокот во центарот се вреднува со 10 бода, а доколку се промаши метата натпреварувачот не добива бодови. (0 бода) ПоединечноВо поединечната конкуренција учествуваат 64 натпреварувачи во двете конкуренции. Во првата (ранкинг) рунда, натпреварувачите располагаат со 72 стрели (6 серии со 12 стрели). Брз основа на резултатот се одредуваат натпреварите во елиминационата фаза. Па така натпреварувачот што ќе издвојува најдобар резултат во првата рунда, за противник во следната рунда ќе го има натпреварувачот со најслаб резултат, итн. ЕкипноВо екипната конкуренција учествуваат 12 тимови, а секој тим има по 3 стреличари кои можат да бидат и учесници од поединечната категорија. Врз основа на резултатот од основната рунда се формира рангирањето на тимовите. Четирите најдобропласирани тимови, директно обезбедуваат пласман во четвртфиналето, додека преостанатите тимови пласирани од 5 до 12 место, ќе се борат за преостанатите 4 места. Распоред![]() Сите саатници се по Британско летно време (UTC+1).
Дисциплини
Освојувачи на медали
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia