Кошарка на Летните олимписки игри 2012![]() Кошаркарскиот турнир на Олимписките игри 2012 во Лондон се одржува од 28 јули до 12 август 2012 година. Натпреварите ќе се играат во новата Кошаркарска арена со капацитет од 12.000 гледачи, а финалните натпревари ќе се играат во О2 Арената. На турнирот учествуваат 24 репрезентации, по 12 во двете конкуренции. Во двете конкуренции титулите ги бранат репрезентациите на САД. Освојувачи на медал
Формат на натпреварувањето![]() ![]() Натпреварите во кошарка ќе се одвиваат во машка и женска конкуренција (по 12 репрезентации во двете конкуренции). Учесниците ќе бидат поделени во две групи од по 6 екипи. Откако ќе биде одиграна групната фаза каде репрезентациите ќе играат секоја против секоја, четирите најдобропласирани репрезентации од двете групи го продолжуваат натпреварувањето во елиминационата фаза која ќе трае сè до финалниот натпревар. КвалификацииЕкипите кои се квалификувале за турнирот може да пријават највеќе 12 играчи. Во двете конкуренции ќе учествуваат 12 репрезентации поделени во две групи од по 6 екипи. ДомаќинПо правилото на МОК, државата домаќин на игрите автоматски добива можност за учество на игрите во сите спортови. Меѓутоа, кошаркарската репрезентација на Обединетото Кралство не постоела сè до 2006 година, и било неизвесно нејзиното учество на игрите. Меѓутоа, извршниот одбор на ФИБА на седница во Лион (Франција) на 13 март 2011 ги разрешил сите недоумици, дозволувајќи му на британскиот тим да учествува на игрите[1][2] МажиРепрезентациите се квалификувале преку натпреварувањата на ФИБА (континентални првенства, светски првенства и олимписки квалификациски турнир).
Жени
Календар
ЖдребОфицијалниот ждреб за групната фаза на кошаркарскиот турнир бил одржан во Лондон на 30 април 2012.[5]
СудииСветската кошаркарска федерација (ФИБА) за кошаркарскиот турнир ги делегирала следниве 30 судии:[6] ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia