Пинг-понг на Летните олимписки игри 2012![]()
Натпреварите во пинг-понг на Летните олимписки игри 2012 беа одржани од 28 јули до 8 август 2012 година во Ексел Центарот во Лондон. Се натпреваруваа вкупно 173 натпреварувачи во 4 дисциплини, од кои 86 во машка конкуренција и 87 во женска конкуренција.[1] На програмата на Олимписките игри пинг-понгот е од Летните олимписки игри 1988 кои беа одржани во Сеул.[2] Покрај поединечните категории во машка и во женска дисциплина, на овие олимписки игри за вторпат во историјата ќе се одржат екипни натпревари, заменувајќи ги натпреварите во парови од Летните олимписки игри 2008. Кина успешно ги одбранила сите 4 златни медали од претходните игри.[2] ![]() Квалификации![]() Како домаќин, Велика Британија директно квалификувала 6 натпреварувачи; тим во машка конкуренција, од кој еден од натпреварувачите ќе се натпреварува во поединечна конкуренција, и тим во женска конкуренција, од кој една од натпреварувачките ќе се натпреварува исто така во поединечна конкуренција.[3][4] Најдобите 28 машки и женски натпреварувачки на ранг списокот на Меѓународната Пинг-понг Федерација по Светското првенство во Пинг-понг 2011, кое завршило на 15 мај 2011 во Холандија, беа квалификувани во поединечна категорија. Ниту една држава не може да има повеќе од два претставника во поединечните категории на игрите, па така на некои натпреварувачи кои биле пласирани под 28-то место им било доделено место според нивниот ранкинг.[5] Во периодот од 28 јуни 2011 до 22 април 2012 биле одржани 10 квалификациони турнири на кои место на игрите обезбедиле уште 40 натпреварувачи.[3] Последниот квалификациски турнир се одржал на 10 мај 2012 на кој уште два натпреварувачи во двете категории обезбедиле пласман на пинг-понг турнирот. Во двете категории била доделена по една специјална покана од страна на Меѓународната Пинг-понг федерација. Во екипната категорија учествувале 16 екипи во двете конкуренции, составени од по 3 натпреварувачи. Освен Велика Британија, квалификацијата на преостанатите 15 екипи се засновала на бројот на квалификувани натпреварувачи во поединечна конкуренција како и на пласманот на екипите на Светското првенство во пинг-понг 2012 во екипна категорија. Распоред
ДисциплинаСите четири дисциплини биле одиграни со елиминациона фаза.
Табела на медали
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia