На натпреварите во теквондо на ЛОИ 2012 учествуваа 128 натпреварувачи, по 64 во двете конкуренции, по 16 во секоја од осумте категории. Секоја држава максимално можеше да пријави 4 натпреварувачи, по 2 во двете конкуренции.[1]
Велика Британија како домаќин добила 4 места, а уште 4 места доделила специјалната комисија во вид на специјални покани. Останатите 120 места се пополниле преку квалификациони турнири.
Британскиот теквондист Арон Кук бил вмешан во контроверзии во поглед на изборот на натпреварувачи за олимписките игри. Иако рангиран прв во светот, Велика Британија одлучила на игрите да го прати Лутало Мухамад, рангиран како 59-ти во светот. Кук поднел жалба на изоставувањето тврдејќи дека бил занемарен бидејќи тој не се приклучил на британската тренинг програма и нашол свој тренер, но Светската Теквондо Федерација утврдила дека правилата не биле прекршени при изборот на натпреварувачи за игрите.[2]