Судир со бугарската пропаганда во врска со решавањето на црковното прашањеСудирот со бугарската пропаганада за решавање на црковното прашање го започнало населението во Македонија со цел за да се создаде автохтона црква односно да дојде до обновување на Охридската архиепископија. Причини
Во 60 - тите години на 19 век околу Бугарската црковна општина во Цариград се концентрирале бугарските банкари и трговци кој ја финансирале бугарската пропаганда. Тие располагале со развиен бугарски печат и како таков го користеле за ширење на нивните идеии и цели, наспроти нив биле: носителите на македонскиот индивидуалитет, кои немале никакви услови за ширење на своите македонистичи идеи [1]. Потребата за учителски кадар во Македонија била злоупотребена од страна на бугарската пропаганда, таа испратила голем број на учители со цел да се воведе бугарскиот јазик во наставата и во другите културни установи. Бугарската пропаганда наишла на поволни услови за своето дејствување во Македонија. Младото македонско граѓанство и интелигенција сè уште во тој период не биле во состојба да ја преземат врз себе одговорноста за национално и духовно обединување на македонскиот народ и затоа граѓанството во Македонија според некој: останала приврска на бугарската буржуазија во борбата за решавање на веќе поставеното на дневен ред црковно прашање [1] Македонското граѓанство и инелигенција и оставиле одврзани раце на бугарската интелигенција во Цариград, понекогаш Македонците поставаувале оделни барања за задоволување на своите интереси, доколку таквите барања не би биле задоволени имало случаи на кревање на гласот и закани за раскинување на сојузот со бугарското граѓанство. Но судирите редовно завршувале со прилагодување на македонските барања кон бугарските интереси или поточно кон интерсеите на бугарското граѓанство и интелигенција [1]. Граѓаните од Македонија барале своето црковно прашање да го решат паралелно со бугарското национално прашање или при заедничкото решавање да и се даде предност на Македонија преку обнова на старата Охридска архиепископија.
Високата порта под притисок на руската дипломатија и грофот Игнатиев била подготвена да го реши црковниот спор, кој бил именуван како грчко - бугарска расправија, без да се земат во предвит потребите и барањата на населението од Македонија за автокефална црква, црковниот спор бил решен единствено во полза на Бугарите. Отука бил подготвен проект за создавање на оделна бугарска црква. Со вмешувањето на Високата порта во црковното прашање тоа излегло од рамките на црковен спор. Притоа биле понудени два проекта: создавање на бугарска автономна црква надвор од Патријаршијата и прашањето за македонските епархии, дали да останат под Патријаршијата или да влезат во идната бугарска автономна црква. Ваквата поставеност на црковното прашање, кај :
Оние кои заедно со бугарите ја воделе порбата против Патријаршијата како и претставниците на македонскиот индивидуалитет разбрале дека : ... претставуваат само објект во решавањето на црковното прашање, без право на какво и да било учество во преговорите за субината на македонските епархии, односно на Македонија [1] Македонците кои ја воделе борбата против Патријаршијата зедно со Бугарите, испраќале петиции во кој било побарано македонските епархии да влезат под јурисдикција на идната бугарска црква, меѓутоа имало и конкретни предлози за обнова на Охридската архиепископија, а во нејзини рамки да влезат и македонските и бугарските епархии. Овие Македонци се залагале за заедништво со Бугарите но предност се давало на Охридската архиепископија, односно на македонскиот народ [1].
Црковниот клер околу бугарската општина во Цариград по иницијатива на бугарската интелигенција свикал црковно - народен собир за создавање на бугарска црква. На овој собир не биле повикани претставници од Македонија за да не се постави на дневен ред нерешенето прашање и поделбата на македонските епархии помеѓу Патријаршијата и идната Бугарска егзархија.
На црковно - народниот собир во Цариград бил избран Привремен мешан совет и Синодот. Советот бил избран од 30 до 40 претставници на цариградските Бугари, во овој Совет влегле претставниците на бугарската интелигенција, буржуазијата и сите владици, негов претседател бил Илирион Ловечки, а од Македонија имало само еден претставник, дедо Вељо Ресенлијата [6]. Македонското граѓанство со овие случувања во Цариград било малку запознаено, тие и понатаму испраќале петиции за обнова на Охридската архиепископија иако веќе било јасно дека ќе се формира една бугарска црква. Бугарската интелигенција :
Бугарските првенци барале од Високата Порта македонските епархии да бидат вклучени во новата бугарска црква, а истовремено се започнало со притисок врз македонските црковно - училишни општини, исфрлање на сите учебници од наставата кој не се на бугарски јазик, да се постават што поголем број на бугарски учители кои ќе ја воделе наставата на бугарски јазик. ОтпорМакедонското граѓанство на ваквото настапување се спротивставило. Отпорот започнал со одбивање на бугарските учители и учебници, а ваквите истапи на граѓанството постепено се претвориле во отпор против навлегувањето на бугарското влијание воопшто, односно дошло до едно силно Антиегзархиско движење.
Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia