Таракчилар
Таракчилар (грчки: Κτενάς, до 1927 г. Ταρακτσιλάρ, Таракцилар[2]) — иселено село во Кожанско,[3] Егејска Македонија, денес во општината Кожани на Кожанскиот округ на областа Западна Македонија, Грција. Веќе подолго време се смета за дел од Димирџилер. ГеографијаСелото е сместено на јужните падини на планината Карталдаг, на надморска височина од 1.020 м.[4] Лежи на 21 км на северозапад од Кожани, на 29,5 км југоисточно од Кајлари и на 3 км источно од Димирџилер. ИсторијаСелото традиционално било турско. На пописот од 1913 г. се води со 164 жители, сите Турци. Во 1918 г. по службена наредба престанало да биде самостојно и е припоено кон Демирџилер, иако продолжило да се попишува одделно. Во 1920 г. населението броело 211 жители.[5] По иселувањето на Турците по сила на Лозанскиот договор, во 1923 г. во Таракчилар биле доведени грчки семејства од Мала Азија.[6] Во 1928 г. нивниот број изнесувал 162 жители.[5] Таракчилар е напуштен на почетокот на 1970-тите, за во 1971 г. да се сведе на само 29 жители.[5] Камените куќи се оставени на забот на времето, а се одржува само црквата „Св. Димитриј“. Во наредните пописи неговото население се вбројувало во склоп на Демирџилер, а во 2011 г. е попишано одделно како село без ниеден жител.[7] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоВо атарот на Таракчилар работат неколку сточарски фарми со кои стопанисуваат одгледувачи од Димирџилер. Населението традиционално одгледувало тутун, компири и други земјоделски производи.[5] Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia