Топчилар
Топчилар (грчки: Άγιος Δημήτριος, Агиос Димитриос), до 1927 година (грчки: Τοπτσιλάρ, Топцилар) [2] – село во Република Грција, во општината Кожани, во областа Западна Македонија. Во 2011 година селото броело 830 жители. ГеографијаСелото се наоѓа североисточно од Кожани, на југозападните падини на планината Каракамен (Вермио). ИсторијаЗа време на Османлиското ЦарствоКон крајот на XIX век Топчилар е турско село во Кожанската Каза на Османлиското Царство. Според грчкиот конзулат во Еласона од 1904 година, во Топцилари живееле 750 Турци.[3] Во ГрцијаЗа време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Топчилар станува дел на Кралството Грција. Во 1913 година селото Топчилар има 846 жители.[4] Во 1920-тите години според Лозанскиот договор населението се иселува во Турција, а на негово место се населиле бегалци, Грци Понди, од Турција. Во 1928 година селото е целосно бегалско со 239 семејства и 884 жители бегалци.[5] Во 1927 година името на селото е променето во Агиос Димитриос. ДемографијаПописиДвижењето на населението по години е следното[6]:
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоНаселението во селото произведува компири, жито, тутун и други земјоделски производи, а внимание му се посветува и на сточарството. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia