Рамна (Кожанско)За други значења на поимот, погл. Рамна (појаснување).
Рамна (грчки: Ρύμνιο, Римнио) — село во Кожанско, Егејска Македонија, денес во општината Кожани на истоимениот округ во областа Западна Македонија, Грција. Населението брои 115 жители (2021). Географија и местоположбаСелото се наоѓа околу 26 км југоисточно од градот Кожани и 16 км југозападно од Серфиџе, на десната страна на реката Бистрица, во близина на Витивјанското Езеро, на надморска височина од 330 м.[2] ИсторијаВо Отоманското ЦарствоНеговото население уште од порано има грчко потекло.[2] Според османлиски дефтер од 1528 г. во Рамна имало 62 домаќинства со 279 жители.[3] Во XIX век Рамна било грчко село во Серфиџенската каза на Серфиџенскиот Санџак. На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 г. Римнос е претставено како чисто грчко село во Серфиџенската каза на Серфиџенскиот санџак со 13 куќи.[4] Според статистиката на грчкиот конзулат во Еласона, во 1904 г. во Римнио (Ρύμνιο) живееле 70 Грци христијани.[5] Во 1910 г. Атанасиос Халкиопулос напишал дека во селото Рамна има 70 Грци.[6] Во ГрцијаПо Балканските војни во 1913 г. селото е припоено кон Грција согласно Букурешкиот договор. Таа година тоа броело 60 жители, кои во 1920 г. се зголемиле на 64 лица. Во 1924 г. по потпишувањето на Лозанскиот договор во селото се населиле 37 семејства (вкупно 136 бегалци), така што селото станало мешана населба.[2]
СтопанствоСелото е прилично богато, бидејќи располага со плодни обработливи површини. Населението произведува жито, тутун, пченка, компири и други земјоделски производи, а делумно развиено е икраварството.[2] НаселениеЕве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
Самоуправа и политикаВо 1931 година, селото станало самостојна општина, чиј атар зафаќал површина од 12 квадратни километри.[2] Општината Рамна била приклучена во општината Калјани во 1997 година, која била укината во 2011 година и станала дел од поголемата општина Кожани. Селото припаѓа на општинската единица Калјани со седиште во истоименото село, која припаѓа на поголемата општина Кожани, во округот Кожани. Воедно, селото е дел од општинскиот оддел Рамна, во кој е единствено село. Културни и природни знаменитостиЦркви
Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia