Кахриманли
Кахриманли, Кахирманли или Караманли (грчки: Κρεμαστή, Кремасти), до 1927 година (грчки: Καχηρμανλή, Καραμανλή, Кахирманли, Караманли)[2] – село во Република Грција, во општината Кожани, во областа Западна Македонија. Во 2011 година селото броело 92 жители. ГеографијаСелото се наоѓа североисточно од Кожани, на еден километар источно од Искуплер, на самиот пат што од Кожани води за Бер. ИсторијаЗа време на Османлиското ЦарствоКон крајот на XIX век Кахирманли е турско село во Кожанската Каза на Османлиското Царство. Според грчкиот конзулат во Еласона од 1904 година, во Караманли живееле 55 Турци.[3] Во ГрцијаЗа време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Кахирманли станува дел на Кралството Грција. Во 1913 година селото Кахирманли има 84 жители.[4] Во 1920-тите години според Лозанскиот договор населението се иселува во Турција, а на негово место се населиле бегалци, Грци Понди, од Турција. Во 1928 година селото е целосно бегалско со 34 семејства и 146 жители бегалци.[5] Во 1927 година името на селото е променето во Кремасти. ДемографијаПописиДвижењето на населението по години е следното[6]:
Еве преглед на населението во сите пописни години, од 1940 г. до денес:
СтопанствоНаселението во селото произведува жито, тутун и други земјоделски производи, а делумно се занимава и со сточарство. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia