Селото наоѓа во рамницата Сариѓол, во западното подножје на планината Каракамен.
Историја
Османлиско време
Своревемено Џума била најголема населба во Кајларската каза и нејзино седиште. Кога Сариѓолското Блато почнало да се прошитува, се појавила маларија и седиштето е префрлено во Кајлари, поради што тоа почнало да расте повеќе.[4]
Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) напишал за Џума:
„
На половина час на запад одовде [Бајракли] се наоѓа муслиманското село Џума, поделено на два дела, од кој едниот е во шумовита месност, а другиот во рамницата. Во него има 36 куќи и 105 нуфузи, кои плаќаат 3800 пјастри данок. Во селото има 2 џамии и неколку извори со добра вода. Близу до селото во петок се одржува пазар.[6]
Според грчка статистика од 1904 г. во Џума (Τζουμά) живеат 700 Турци.[8]
Во Грција
По Втората балканска војна во 1913 г. селото е припоено кон Грција. Во 1920-тите години турското население е иселено и на негово место се грчки доселеници од Мала Азија. Во 1928 г. селото е заведено како чисто дојденско, сочинето од 299 семејства на 1256 грчки доселеници.[9] Истата 1928 г. селото е преименувано во Амигдала, а во 1961 г. во Харавги. Подоцна е преместено и почнува да се нарекува Нова Џума (Неја Харавги). Старото село Џума во 2011 година се води со 6 жители.
Места во заедницата Џума преименувани со службен указ на 31 јули 1969 година
↑Македония и Одринско : Статистика на населението от 1873 г. София: Македонски научен институт – София, Македонска библиотека № 33. 1995. стр. 98–99. ISBN954-8187-21-3.