Јукуз Ова
Јукуз Ова, Јуќуз Ова или Ѓузово (грчки: Σκάφη, Скафи, до 1927 година грчки: Οκιούζ Οβά, Јукуз Ова) [2] – село во Република Грција, во општината Кожани, во областа Западна Македонија. Во 2011 година селото броело 2 жители. ГеографијаСелото се наоѓа источно од Кожани. ИсторијаЗа време на Османлиското ЦарствоКон крајот на XIX век Јукуз Ова е турско село во Кожанската Каза на Османлиското Царство. Според грчкиот конзулат во Еласона од 1904 година, во Јукуз Ова живееле 200 Турци.[3] Во ГрцијаЗа време на Првата балканска војна во 1912 година во селото влегуваат грчки трупи и за време на Втората балканска војна во 1913 година Јукуз Ова станува дел на Кралството Грција. Во 1913 година селото Јукуз Ова има 225 жители.[4] Во 1920-тите години според Лозанскиот договор населението се иселува во Турција, а на негово место се населиле бегалци, Грци Понди, од Турција. Во 1928 година селото е целосно бегалско со 41 семејства и 166 жители бегалци.[5] Во 1927 година името на селото е променето во Скафи. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia