Народноослободителен баталјон „Страшо Пинџур“
Народноослободителен баталјон „Страшо Пинџур“ (Прв баталјон на Третата оперативна зона на НОВ и ПОМ) — воена единицица на НОВ и ПОМ[1]. Бил формиран на планината Кајмакчалан односно Ниџе на 24.IX.1943 од 126 борци на НОПО „Добри Даскалов“, НОПО „Сава Михајлов“ и главнината на Битолскиот НОПО „Гоце Делчев“[1]. Заклетва на баталјонотПри образувањето на баталјонот на 24 септември 1943 година на Кајмакчалан, борците ја дале следната заклетва:[2][3]
Акции на баталјонот![]() Во нападот на рудникот Дудица на планината Кожуф на 2 октомври 1943 биле убиени 10 непријателски војници, а на баталјонот му се приклучиле 80 рудари[1]. Во нападот на бугарската гранична посада во Лукар, јужно од с.Конопиште на планината Кожуф, извршен на 19.Х. биле заробени 30 бугарски војници и еден подофицер, а во нападот на германската посада на железничкиот мост кај с.Острово во Леринско на 26.Х. биле убиени 2 Германци и заробени 7 Мароканци[1]. Поради бројното зголемување, од издвоени 113 борци на 30.Х. бил формиран Вториот баталјон на Третата оперативна зона на НОВ и ПОМ[1]. Во нападот на селото Радња Демиркаписко на 8 ноември 1943 биле заробени 12 контрачетници на одредот „Цар Калојан“, а на 12.XI. при влегувањето во турските села Вешје и Бесвица на борците од баталјонот им се приклучиле неколку Турци[1]. Во средината на ноември, кај селата Радња и Бохула баталјонот водел борба со бугарска колона при што загинале 5 партизани и 14 бугарски војници[1]. Во селото Бегниште на 18.XI. била запалена општинската зграда, а во нападот на касарната во гевгелиското село Конско и две гранични караули на планината Кожуф биле заробени околу 60 бугарски војници. Во повеќе села формирал НОО[1]. Баталјонот бил расформиран на 20.XII.1943 во селото Фуштани во Меглен, Егејска Македонија каде влегол во составот на Втората македонска НОУ бригада[1]. Наводи
|
Portal di Ensiklopedia Dunia