Филип Костиќ
Филип Костиќ (роден на 1 ноември 1992 во Крагуевац) — српски фудбалер, крило на Фенербахче, на заем од Јувентус, и на српската репрезентација. Технички карактeристикиКако левак, тој ја започнал својата кариера како лево крило, но потоа бил преместен во улога на играч кој ја покрива целата лева страна во тимот за време на неговиот престој во Ајнтрахт Франкфурт.[1][2] Опремен со подвижност, бризна и физичка подготвеност, тој е играч кој подобро се снаоѓа во офанзивната отколку во дефанзивната фаза, каде е умешен пред се во давањето асистенции.[1][2] Со преку 50 асистенции во Бундеслигата, тој еден од најдобрите 30 играчи во овој статистички показател во историјата на лигата. Клупска кариераПочетоциРоден во Крагуевац, својте први фудбалски чекори ги направил на шестгодишна возраст во фудбалската школа "Фитнес", а потоа преминал во најстариот клуб во градот Шумадија 1903 каде што ги поминал следните 3-4 години. Кога имал петнаест години, дошол во Раднички Крагуевац, клуб за кој дебитирал за првиот тим на 2 мај 2009 година против Будуќност Ваљево во третата лига на Србија. Во трите сезони во кои настапувал за првиот тим на Раднички, тој играл во три различни лиги освојувајќи две промоции со клубот кој стигнал од третата лига до Суперлигата на Србија. Своето деби во Суперлигата на Србија го направил на 13 август 2011, во ремито 1-1 на гостувањето кај Војводина, а својот прв гол го постигнал четеринаесет дена подоцна во победата со 4-2 на гостувањето кај Јавор Ивањица. Во сезоната 2011-2012, Костиќ одиграл 27 натпревари во првенството и постигнал 3 гола. ГронингенВо летото 2012 година, Костиќ го напуштил Раднички Крагуевац после 64 настапи и 5 гола за клубот. Неговиот трансфер во холандскиот Гронинген бил пропратен со еден од најголемите скандали во српскиот фудбал: холандскиот клуб објавил дека трансферот изнесувал 1,25 милиони евра, практично демантирајќи ги челниците на Раднички, кои преку соопштение истакнале дека 19-годишниот фудбалер си заминал од клубот за сума од 700.000 евра,[3] па српската полиција потоа ги привела потпретседателот, генералниот секретар и агентот на играчот под сомнение дека го оштетиле клубот за половина милион евра.[4] Своето деби за Гронинген го направил на 21 октомври 2012, во поразот со 3-0 на гостувањето кај Херенфен.[5] Откако добил мала минутажа, Костиќ конечно почнал да покажува ветувачки потенцијал на почетокот на сезоната 2013-2014; тој го привлекол вниманието на медиумите откако одиграл брилијантен натпревар во кој имал една асистенција против НЕК,[6] а потоа на 25 август тој ја зголемил својата репутација на одличен додавач со двете асистенции против Го Ахед Иглс.[7] Конечно, на 20 октомври 2013 година, Костиќ го постигнал својот прв гол за Гронинген во победата со 1–0 против ПСВ Ајндховен.[8] Вкупно за Гронинген, Костиќ одиграл 41 натпревари и постигнал 12 голови. Штутгарт и Хамбургер![]() На 9 август 2014 година, Костиќ се преселил во Германија каде потпишал за екипата на Штутгарт.[9] Сумата на трансферот изнесувала 6 милиони евра плус 1 милион бонуси, а Гронинген освен овие средства добил право на 15% од следната продажба на играчот.[10] Дебитирал во Првата Бундеслига на 24 август, во ремито 1-1 против Борусија Менхенгладбах, заменувајќи го Александру Максим во последните 10-тина минути од тој натпревар. Својот прв гол за швабите го постигнал на 13 декември 2014, во ремито 1-1 на гостувањето кај Мајнц 05. По испаѓањето на Штутгарт од Првата Бундеслига во сезоната 2015-2016, Костиќ го напуштил клубот после две сезони поминати во него во кои одиграл 63 натпревари и постигнал 8 голови. Во летото 2016 година, Хамбургер го купил Костиќ за 14 милиони евра, со што тој станал најскапиот трансфер во историјата на клубот.[11] Во својата прва сезона, србинот бил еден од клучните играчи на клубот. Тој постигнал 4 гола во текот на сезоната и му помогнал на клубот да стигне до четвртфиналето во Купот на Германија, каде што биле елиминирани од Борусија Менхенгладбах, додека во првенството каде Хамбургер грчевито се борел за опстанок, целта била постигната во последниот натпревар со победата со 2-1 на домашен терен против Волфсбург, во која Костиќ го постигнал израмнувачкиот гол за 1-1.[12] Следната сезона, Костиќ продолжил да игра добро и повторно бил еден од најдобрите играчи на Хамбургер, но овој пат клубот испаднал од Првата Бундеслига. Ајнтрахт ФранкфуртОткако изразил желба да го напушти Хамбургер бидејќи не сакал да се натпреварува во Втората Бундеслига,[13] на 20 август 2018 година, Костиќ се преселил на двегодишна позајмица во Ајнтрахт Франкфурт.[14][15] По добрата сезона со клубот (кому му помогнал да стигне до полуфиналето на Лига Европа со 4 гола), тој бил откупен на 17 мај 2019 година за 6 милиони евра. ![]() Во сезоната 2020-2021, Костиќ бил втор најдобар асистент во Бундеслигата со 14 асистенции, 4 помалку од Томас Милер од Бајерн Минхен.[16] На 14 април 2022 година, Костиќ постигнал два гола во победата на Ајнтрахт над Барселона со 3–2 на Камп Ноу, со што им помогнал на германците со вкупни 4–3 да се пласираат во полуфиналето на Лига Европа.[17] На 18 мај истата година, тој го започнал финалето на Лига Европа против Ренџерс кое завршило нерешено 1-1 во регуларниот дел и по продолженијата, по што се стигнало до изведување пенали, каде Костиќ бил еден од прецизните изведувачи за победничката екипа. Последователно, како резултат на неговите одлични игри тој бил прогласен за играч на сезоната во Лига Европа.[18] ЈувентусНа 12 август 2022 година, Костиќ потпишал четиригодишен договор со Јувентус.[19] ФенербахчеНа 9 септември 2024 година, Костиќ му се приклучи на турскиот клуб Фенербахче на заем до крајот на сезоната.[20] Репрезентативна кариера![]() Костиќ играл за Србија во селекциите под 19 години и под 21 година.[21] Во баражот од квалификациите за Европското првенство за играчи под 21 година 2015, тој го постигнал победничкиот гол во судиското продолжение против Шпанија со кој ја одвел својата земја на првенството кое се одиграло во Чешка.[22] Сепак, тој не настапил на тоа првенство, бидејќи добил повик во сениорската репрезентација На 7 јуни 2015 година, Костиќ го направил своето деби за сениорска репрезентација на Србија против Азербејџан во пријателски натпревар во Санкт Пелтен, Австрија, во кој орлите победиле со 4–1.[23] Тој го одигра својот прв натпреварувачки натпревар за Србија на 13 јуни 2015, против Данска во квалификациите за Европското првенството 2016.[24] На 5 септември 2016 година, го постигнал својот прв гол за својата земја во ремито 2–2 против Ирска. Во јуни 2018 година, тој бил избран во составот на српската репрезентација за Светското првенство 2018,[25] каде ги одиграл сите три натпревари од групната фаза по која неговата репрезентација била елиминирана.[26][27][28] Хронологија на репрезентативните настапиСтатистикаКлупска статистикаСтатистиката е ажурирана на 11 август 2022.
ТитулиКлупски
Поединечни
Наводи
Надворешни врски |
Portal di Ensiklopedia Dunia