Машкиот фудбалски турнир на Летните олимписки игри 2016 — се одржал во Рио де Жанеиро, Бразил во периодот од 4 до 20 август 2016.[1].
Ова било 26-тото издание на фудбалскиот турнир на Олимписките игри во машка конкуренција. На турнирот учество зеле вкупно 16 репрезентации. Освен градот-домаќин, фудбалски натпревари се одиграле и во пет други градови во земјата домаќин.[2] Финалето се одржало во Рио де Жанеиро на стадионот Маракана.
Секоја репрезентација имала право на максимално по 18 играчи, од кои 15 морало да бидат помлади од 23 години или родени по 1 јануари 1993 година.
Нигерија го освоила бронзениот медал совладувајќи го Хондурас со 3-2.[4]
Распоред
ГФ
Групна фаза
¼
Четвртфинале
½
Полуфинале
Б
Натпревар за бронзен медал
Ф
Натпревар за златен медал
Чет 4
Пет 5
Саб 6
Нед 7
Пон 8
Вто 9
Сре 10
Чет 11
Пет 12
Саб 13
Нед 14
Пон 15
Вто 16
Сре 17
Чет 18
Пет 19
Саб 20
ГФ
ГФ
ГФ
¼
½
Б
Ф
Квалификации
Покрај земјата-домаќин, Бразил, 15 машки репрезентации се квалификувале од шест различни континентални конфедерации. ФИФА ја ратификувала распределбата на местата на состанокот на Извршниот комитет во март 2014 година.[5]
^1 Датумите и местата се оние на завршните турнири (или последното коло од квалификациските турнири), различни квалификациски фази би можеле да претходат на натпреварите одиграни на местата кои се запишани во табелата.
^2 Земјата го прави своето деби на Олимписки турнир во фудбал.
Ждрепката за турнирот се одржала на 14 април2016 на стадионот Маракана, Рио де Жанеиро[12]. Шеснаесетте екипи биле поделени во четири групи од по четири репрезентации[13]. Домаќинот Бразил автоматски бил додаден на позиција А1[14]