Црква „Вознесение Христово“ - Довезенце
Вознесение Христово (или Свети Спас) — главна селска црква во кумановското село Довезенце, Македонија.[1] Црквата потекнува доцниот среден век, односно од крајот на XVI или почетокот на XVII век.[2] Прогласена е за значајно културно наследство на Македонија.[3] Денес, црквата се наоѓа во делумно разурната состојба.[2] МестоположбаЦрквата се наоѓа во Селиште, во источниот дел на селото Довезенце. Покрај црквата се наоѓаат селските гробишта, како и зградата на старото училиште, кое било подигнато уште во 1820 година.[4] ИсторијаОва е гробишна црква, подигната на рид во XVI–XVII век.[2] Според истражувањето на Јован Трифуноски од 1972 година, црквата била изградена пред крајот на отоманскиот период на остатоци на поранешен храм.[4] Архитектонски описЦрквата претставува двокорабен храм и се состои од правоаголен наос со апсидална ниша во северниот кораб, припрата во јужниот кораб со правоаголен облик во основата. Црквата е асиметрична по нејзините оски. Влезот од западната страна низ еднокрилна дрвена врата води право во северниот кораб. Од јужната страна, еднокрилна дрвена врата води во јужниот кораб. Според архитектурата, се смета дека јужниот кораб е постар. Помалиот јужен и поголемиот северен кораб се поврзани со четири отвора со лачни завршетоци во горниот дел, носени од три кврадратни камени столба. Во источниот дел на северниот кораб има апсида со ѓаконик и проскомидија.[5] Црквата е изградена од делкан камен и варов малтер. За сводната конструкција и трите столба на аркадите се употребени камени блокови. Сводниот систем на северниот кораб и горното подрачје на северниот ѕид заедно со покривот во голем дел се оштетени. Подовите во корабите се изработени од убави камени плочки. Во централниот дел на наосот е направена украсна розета со округол облик, со седум светли и седум потемни трапезоидни камени плочки, а во средината има една округла плоча.[5] Во северниот кораб, до самиот ѕид има камен столб со капител, релјефно обработен, а околу столбот има плитка плетеница. Другите два столба се наоѓаат во јужниот кораб и еден столб надвор пред самата црква.[5] ЖивописЖивописот е фрагментарно зачуван. Во олтарниот простор има дел од стариот живопис, кој на другите ѕидови е малтерисан. Во апсидната конха е претставена Богородица Поширока од небесата во полн раст. Северно и јужно од неа е Благовештението со Архангел Гаврил и Богородица во медалјони. Под Богородица Поширока од небесата се претставени допојасни фигури на архијереите св. Василиј Велики и Јован Златоуст. Над Богородица Поширока од небесата фрагментарно е зачувана композицијата Вознесение Христово – Христос во медалјон. Во конхата на проскомидијта е претставен ѓаконот Стефан. На јужниот ѕид во олтарниот простор е светиот воин Прокопиј Кесариски во полн раст. Долниот дел на фреската е оштетен, а над него има фрагменти од двајца старозаветни пророци во медалјони.[5] Икони од цркватаСите икони од црквата денес се сместени во Галеријата на икони во Куманово.
Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia