Црква „Вознесение Христово“ - Петрово
Вознесение Христово (позната и како Свети Спас) — главна селска црква во гевгелиското село Петрово, Македонија.[1][2] Црквата се наоѓа во средишниот дел на селото. МестоположбаЦрквата се наоѓа во самото село. ИсторијаЦрквата е стара, изградена пред 1860 година. Сепак, првичната црква била опожарена околу 1860-1861 година. Подоцна, во 1867 година црквата била обновена со доброволни прилози од месното население, што може да се види од натписот над јужниот влез во храмот (од надворешната страна).[2] Градител на овој храм бил Андон Китанов.[2] АрхитектураСпоред својот архитектонски облик, црквата е трикорабна со дрвени тавени, со полукружна апсида на источниот ѕид, како и со женски дел на западната страна. Средишниот кораб ги надвишува двата странични кораба. Покривот на црквата е на две води, потпрена на два реда колони од по три столба со капители, кои го одвојуваат средишниот кораб од страничните кораби.[2] ФрескоживописЦрквата поседува убав фрескоживопис, насликан на северниот и на јужниот ѕид.[2] ИконостасЦрквата поседува иконостас во резба. Сите икони во самиот иконостас потекнуваат од XIX век и ги имаат имињата на дарителите.[2] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia