Црква „Св. Пантелејмон“ - Ума
Свети Пантелејмон — главна селска црква во гевгелиското село Ума. Црквата се наоѓа на самото сретсело, при што доминира во селото. Околу црквата се наоѓаат и селските гробишта на селото. МестоположбаЦрквата се наоѓа во селото Ума, сместено на падините на планината Кожуф, во југозападниот дел на Општина Гевгелија.[1] ИсторијаЦрквата е изградена во XIX век.[1] ГрадбаНа градбата на црквата се појавиле оштетувања на кровот, со што настанале оштетувања на фреските, иконите и самата внатрешност на црквата. Мештаните пред дваесетина години успеале да го обноват кровот и тремот, како и да ја обноват камбанаријата.[1] АрхитектураФрескоживописЦрквата располага со богат фрескоживопис.[1] Фрескоживописот исто така потекнува од периодот на изградба на црквата во XIX век.[1] Икони и иконостасЦрквата поседува иконостас, кој е надополнет со иконите на црквата, кои денес повторно се наоѓаат во нејзе, откако се вратени од Штипскиот музеј, каде биле однесени, откако селото било целосно раселено.[1] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia