Црква „Св. Кирил и Методиј“ - Гевгелија
Свети Кирил и Методиј — македонска православна црква во градот Гевгелија.[1] Црквата се наоѓа во средишниот дел на Гевгелија, сместена на јужната страна на градското шеталиште.[2] Во црквата се наоѓаат девет икони од познатиот македонски зограф Димитар Андонов - Папрадишки.[3] Воедно, црквата се одликува со голем и убав иконостас. Црквата е најмногу посетена за време на најголемиот христијански празник Велигден.[2] ИсторијаПодигната е во 1896 година, што може да се види од натписот на плочата на источниот ѕид, вѕидан над олтарната апсида од надвор. Таа е изградена на местото каде што во 1881 година бил изграден параклис. Храмот е обновен во 1946 година. Во 1983 година е подигната нова камбанарија со градски часовник. ГрадбаСпоред својата архитектурна форма, таа е трикорабна градба, со рамни дрвени тавани и со покривна конструкција на две води. Црквата има голем и убав иконостас, чии икони ги работел зографот Димитриј Андонов - Папрадишки. Дверите на црквата се од постаро време и се смета дека се пренесени од старата црква Света Троица или од манастирската црква „Св. Спас” во Гевгелија, и се дело на непознат резбар (од XVIII век). Градител на црквата е Андон Китанов. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia