Црква „Св. Архангел Михаил“ - Моин
Свети Архангел Михаил — главна селска црква во гевгелиското село Моин. МестоположбаЦрквата се наоѓа во јужниот дел на селото Моин. ИсторијаВо време на македонската преродба во XIX век, во селото имало три цркви, и тоа: патријаршиска, егзархиска и римокатоличка. Но, за време на Првата светска војна, поточно во 1917 година, сите овие цркви биле разрушени. Мештаните изградиле нова црква, која делумно била разурната во време на Втората светска војна, а била обновена и доградена во 1963 година.[1] АрхитектураЦрквата претставува еднокорабна градба со рамен варосан таван, припрата, но без апсида.[1] Икони и иконостасВо нејзината внатрешност, иконостасот е мал и бил изработен од гевгелискиот столар Ристо Попов, чие име се споменува на запис на самиот иконостас од 30 декември 1968 година.[1] Галерија
ПоврзаноНаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia