Црква „Св. Петка“ - Милетково
Света Петка — главна селска црква во гевгелиското село Милетково, Македонија.[1][2] Црквата се наоѓа во самото село, а околу нејзе се наоѓаат селските гробишта. МестоположбаЦрквата се наоѓа во самото село, во непосредна близина на основното училиште. Историја![]() Црквата била стара, изградена пред 1860 година. Сепак, првичната црква била опожарена и изгорела за време на Првата светска војна. Откако завршила војната црквата била обновена, но во 1931 година била повторно разурната од катастрофален земјотрес. Во 1932 година вторпат била обновена.[2] АрхитектураСпоред својот архитектонски облик, црквата е трикорабна со полукружна олтарна апсида на источниот ѕид (од надвор). Покривот на црквата е на две води. Храмот бил изграден од обичен камен. На јужната и на западната страна има отворен трем. Главниот влез во храмот е од јужната, а споредниот влез е од западната страна.[2] ФрескоживописЦрквата не поседува фрескоживопис.[2] ИконостасЦрквата поседува иконостас со икони од поново време. Некои од нив потекнуваат во 1932 година, кога всушност по вторпат се обновила црквата.[2] Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia