Црква „Св. Димитриј“ - Кованец
Свети Димитриј — главна селска црква во гевгелиското село Кованец. МестоположбаЦрквата се наоѓа на неколку стотина метри пред селото, непосредно на левата страна од патот кој води од селото Негорци. Во дворот на црквата се сместени и селските гробишта. ИсторијаЦрквата е изградена во 1860 година, а била обновена во 1907 година. Нејзин градител е познатиот неимар, резбар и зограф Андон Китанов.[1] АрхитектураГрадбата на црквата е трикорабна, со рамни и обоени тавани во горните партии. Покривната конструкција е изградена на две води и е потпрена на шест столбови во два реда.[1] Кон јужната и западната страна на црквата е доградена припрата. Влезната порта на црквата е сместена на јужната страна, а над неа има ниша со полукружна фреска на којашто е претставен ликот на Свети Димитриј и околу којашто е запишано името на светецот. На источната страна од црквата има полукружна апсида со правоаголен отвор во средишниот дел. Камбанаријата на црквата е со квадратна основа и се издига над кровот. ФрескоживописВнатрешноста на црквата е зографисана, а фрескоживописот е од XIX век. Во текот на XIX биле изработени и иконите, како и царските двери. Иконостасот е изработен од дрво и делумно е украсен со убава резба. Царските двери се изработени од страна на мајстор од дружината на Андон Китанов.[1] Галерија
ПоврзаноНаводиНадворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia