Црква „Св. Константин и Елена“ - Миравци
Свети Константин и Елена — главна селска црква во гевгелиското село Миравци. МестоположбаЦрквата се наоѓа во горниот дел на селото, недалеку од патот кој води кон селата Петрово и Габрово. Капелата, кујната и трпезаријата се одвоени од црквата и се сместени на влезот на селото, во непосредна близина на селските гробишта. ИсторијаЦрквата е изградена во 1860 година.[1] Во 1892 година, првобитната градба била опожарена, но набргу била обновена во 1893 година. Градител на црквата бил Андон Китанов. Во 1989 година, црквата била повторно опожарена и разурната, со исклучок на надворешните ѕидови кои не биле зафатени. Храмот бил повторно обновен во 1990 година.[2] Во периодот од 2009 до 2013 се изградени кујна и купола, кои се одвоени од дворот на црквата и се наоѓаат на влезот од селото, во непосредна близина на селските гробишта. Според натписната плоча поставена на еден од ѕидовите на овие објекти, тие биле изградени со блаослов и донација на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, градоначалникот на Општина Гевгелија Иван Франгов, како и со донации од месното население на селото Миравци. АрхитектураЦркваГрадбата на црквата е трикорабна, со тавани и и полукружна олтарна апсида на источниот ѕид. Покривната конструкција е изградена на две води и е потпрена на шест четириаголни столбови во два реда. На јужната и западната страна е изграден нов отворен трем.[2] Во дворот на црквата се наоѓа и камбанаријата која има осумаголна основа. ФрескоживописПо второто опожарување на храмот, внатрешните ѕидови не биле заографисани, со исклучок на внатрешната страна на олтарната апсида која делумно е покриена со нови фрески.[2] Икони и иконостасИконостасот исто така е изработен по последното обновување на црквата во 1990 година.[2] Кујна и капелаГрадбата на кујната има правоаголна основа, а во нејзино продолжение е сместена градбата на капелата која има квадратна основа и претставува крсто-куполна градба со осумаголна купола која се издига над средишниот дел од нејзиниот кров. Двата објекта се обоени во бела боја и се покриени со ќерамиди. Галерија
ПоврзаноНаводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia