Јохан Фридрих Гмелин
Јохан Фридрих Гмелин (германски: Johann Friedrich Gmelin; 8 август 1748 – 1 ноември 1804) — германски природонаучник, ботаничар, ентомолог, херпетолог и малаколог. ОбразованиеГмелин е роден во 1748 г. во Тибинген како син на професорот Филип Фридрих Гмелин. Студирал медицина кај татко му[1] на Тибингенскиот универзитет и магистрирал во 1768 г. со тезата Irritabilitatem vegetabilium, in singulis plantarum partibus exploratam ulterioribusque experimentis confirmatam., која ја одбранил пред комисијата на чело со Фердинанд Кристоф Етингер,[2] КариераВо 1769, Гмелин вонреден професор по медицина на Тибингенскиот универзитет, а во 1773 станал шпрофесор по филозофија и професор по медицина на Гетингенскиот универзитет. Во 1778 бил назначен за шеф на катедрата по медицина и професор по хемија, ботаника и минералогија in 1778. Починал во 1804 г. во Гетинген. Издал неколку учебници од областа на хемијата, фармацевтиката, минералогијата и ботаниката. Во 1788 г. го изготвил и издал XIII издание на делото „Систем на природата“ од Карл Линеј. ОставнинаМеѓу студентите на Гмелин се вбројуваат истакнати научни дејци како што се Георг Фридрих Хилдебрант, Карл Фридрих Килмајер Friedrich Kielmeyer, Фридрих Штромајер и Вилхелм Август Лампадиус. Татко на хемичарот хемичарот Леополд Гмелин. Гмелин е откривач на американската штука (Esox americanus) во 1789 г. На полето на херпетологијата опишал многу нови видови на водоземци и влекачи. Во малакологијата опишал и именувал бројни видови на полжавите. Во негова чест е наречено растението Гмелинов пелин (Artemisia gmelinii). Дела
Наводи
Надворешни врски
|
Portal di Ensiklopedia Dunia