Унија како средство за обнова на Охридската архиепископијаУнијата со Римокатоличката црква како средство за обнова на Охридската архиепископија била користена од страна на 6 македонски општини предводени од македонското граѓанство за да дојде до решавање на македонското црковно прашање [1]. ПричиниПо завршувањето на Борбата против Цариградската патријаршија македонското црковно прашање не било решено, имено тоа било решено само во корист на Бугарите преку создавањето на Бугарската егзархија, а двете цркви Цариградската патријаршија и Егзархијата започнале преговори за поделба на македонските епархии, затоа македонското граѓанство повторно ја започнало борбата за обнова на Охридската архиепископија но сега унијата со Римокатоличката црква било искористена како средство за постигнување на целта. Почеток на движењетоБорбата за обнова на Охридската архиепископија влегла во нова етапа кога кон движењето се придлужил бугарскиот егзархиски епископ Нил Изворов. Тогаш солунската црковно-училишна општина писмено се обратила кон останатите македонски општини како и до македонската колонија во Цариград, во ова обраќање солунската општина побарал останатите да се изјаснат по прашањето за обнова на Охридската архиепископија. Општините соодветно на ова обраќање дале свој одговор, а македонската колонија од Цариград на чело со Харитон Карпузов, затаналае на гледиштетото дека само преку создавање на :
Меѓутоа тие знаеле дека Бугарската егзархија ќе преземе дејност на каков било начин да се попречи обновата на Архиепископијата и затоа македонската колонија во Цариград побарала од солунската општина да го спречи растурањето на бугарскиот печат во Македонија сè додека не се обнови Охридската архиепископија. Македонската колонија меѓу другото до солунчани истакнала:
Со цел да се обнови Охридската архиепископија, солунската општина свикала собир на претставници од Македонија. Средбата се одржала на 28 декември 1873 година, а на неа присуствувале претставници на 6 јужномакедонск општини: Солунската, Воденската, Струмичката, Дојранската, Кукушката и Малешевската. Претставниците разгелдувајќи го прашањето за создавање на самостојна македонска црква решиле да се обратат кон некоја од неправославните цркви бидејќи знаеле дека ќе наидат на непријателство од стран на Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија. Обраќање до неправославните црквиНајпрво се обратиле до Англиканската црква бидејќи англискиот конзул Блонт од Солун им ветил поддршка од англиската влада. Овој конзул ги посоветувал да се обидат да ја добијат поддршката на битолската, а посебно на охридската општина, но 6 општини не го почекале одговорот од овие две општини и испратиле телеграфски молба до Англиканската црква од која побарале покровоителство: во името на слободата и човекољубието. Меѓутоа одговорот бил негативен. Затоа 6 општини потоа се обратиле до германската протестанска црква и до американската протестанска црква, но од политички причини биле одбиени од двете цркви. Откако биле одбиени од протестанските цркви решиле да се обратат до Римокатоличката црква. Оваа црква во тој период веќе имала свој верско-пропагандни мисии во Солун и Битола. Римокатоличката црква од своја страна не само што ја прифатила молбата туку побарала и од другите општини од Македонија да се приклучат кон молбата истакнувајќи дека македонското црковно прашање може да се реши единствено преку унија со Римокатоличката црква. Шесте јужномакедонски опшини ја прифатиле унијата со Римокатоличката црква, а тоа придонело да дојде до раздвижување на граѓанството во останатите општини во Македонија, некој од нив собрале потписи за приклучување кон унијата и во вид на молби ги испратиле до католичките мисии, меѓутоа во некој од општините не биле донесени конкретни одлуки.
Меѓутоа Конгрегацијата за пропаганда на верата решила 6 општини во црковен поглед да ги потчини под постојната Бугарска унијатска заедница на чело со епископот Рафаел Попов, со седиште во Одрин, а барањето за обнова на Охридската архиепископија никаде не се ни спомнувало. План за обнова на Охридската архиепископијаОд своја страна 6 општини сметале дека одговорот од Конгрегацијата е доволен за покривање пред Отоманското Царство, Бугарската егзархија и Цариградската патријаршија, затоа започнале со изработка на план за обнова на Охридската архиепископија. Бил составен список на кандидати за владици на оделните македонски епархии и архиепископ, чие седиште требало да биде во Солун. Меѓутоа Римокатоличката црква не застанала зад овој план и таа сакала македонските општини да ги приклучи кон постојната унијатска зедница. Таквото стојалиште на Католичката пропаганда кон македонското црковно прашање довело до оладување меѓу македонските општинари и приврзаници на унијата. Меѓутоа јужномакедонските општини ја продолжиле врската со Римокатоличката црква, а кон нив се приклучил епископот Нил Изворов, тој ја прифатил унијата со Римокатоличката црква, убеден дека:
Настапување на Отоманското ЦарствоВисоката Порта водејќи сметка за своите интереси го отстранила Нил Изворов од Македонија и го преместила во Цариград, а од Солун бил отстранет и валијата Митхад-паша кој се залагла за обнова на Охридската архиепископија. Со овие мерки бил нанесен удар врз движењето за обнова на Архиепископијата, а тоа придонело да дојде до колебање меѓу македонското граѓанство, посебно на она од Солун. Од друга страна пак руската дипломатија и Бугарската егзархија вршеле притисок врз движењето да се откаже од својата намера за обнова на Охридската архиепископија. ПоследициПод таков притисок предводниците на движењето како што бил претседателот на солунската општина Петар Димитров се откажал од движењето и испратил покајничко писмо до Егзархијата истакнувајќи дека ќе и останел верен, односно Солунската општина која била носител на движењето за обнова на Охридската архиепископија повторно се нашла во рацете на Бугарската егзархија, а движењето било обезглавено.
Бугарско гледиштеСпоред бугарските изтражувачи обид за создавање на посебна македонска унија како средство за обнова на Охридската архиепископија не постоел. Текстовите кои ги цитирал Димевски наводно недостасуваат во оригиналните писма на Славејков.[5] Кон крајот на зимата на 1874 година епископ Нил заминал од Солун за Цариград, каде што официјално го примил унијатството. По смртта на бугарскиот епископ Рафаел Попов, со декрет од 5 септември 1876 година на Светиот престол, епископот Нил Изворов е назначен за духовен поглавар на Соединетите Бугари. Истата година, на 21 септември тој официјално бил назначен за епископ. Во ноември Нил се вратил во епископското седиште во Едрене. По краток престој тој отпатувал за Кукуш во март 1877 година. За време на Руско-турската војна епископот Нил се вратил назад во Цариград. Во 1882 година било решено тој да биде воздигнат во Архиепископ и бил назначет за апостолски администратор на Соединетите Бугари во Цариград.[6] Извори
|
Portal di Ensiklopedia Dunia