Сезоната 2014-15 за фудбалскиот клуб Јувентус била 117 од неговото основање и осма последователна сезона во највисоката лига на италијанскиот фудбал.
Преглед на сезоната
Масимилијано Алегри бил назначен за тренер на Јувентус во јули 2014 и веќе во својата прва сезона во клубот успеал да ги освои Скудетото и Купот на Италија. Со тоа станал седмиот тренер кој ја освоил Серија А со два различна клуба.
Почетокот на сезоната бил прилично турбулентен за бјанконерите. Кулминацијата на неколкуте тешки недели во летниот камп за тренинг, била достигната кога тренерот Антонио Конте - еден од главните архитекти на успехот во последните три години, сè повеќе и повеќе влегол во судир со раководството[1] - пред конечно да го раскине договорот на 15 јули 2014,[2] а набргу потоа, станал селектор на италијанската репрезентација. Како негова замена на клупата на Јувентус дошол Масимилијано Алегри,[3] име кое во Торино било потценето од страна на експертите,[4] од противниците,[5][6] а највеќе од навивачите,[7][8] но ништо од тоа не го спречило да биде ѕвездата на успешната деби сезона со Старата дама.[9][10][11]
Што се однесува до составот, најголеми промени биле направени во нападот; клубот го напуштиле, Вучиниќ, Кваљарела и Освалдо, и биле заменети со младите таленти Коман и Мората кој биле доведени, од Париз Сен Жермен односно Реал Мадрид; шпанецот Мората, одиграл одлична сезона и успеал да заработи место во почетниот тим како партнер на Тевез во вториот дел од сезоната, за сметка на својот сонародник Љоренте кој се преселил на клупата.[12][13] Останатите промени во составот на Јувентус кој се случиле во летниот трансфер период се следниве; од Торино си заминале одбранбените играчи Пелузо, Исла и Де Чеље (последниот, заминал само за првиот дел од сезоната), додека како нови засилување дошле францускиот лев бек Евра од Манчестер Јунајтед, и играчите од средината на теренот Ромуло и Переира од Верона и Удинезе; исто така, во својот матичен клуб се вратил Мароне по една година помината во Сасуоло, додека младиот играч за врска Матиело бил унапреден во првиот тим. Во зимскиот трансферен прозорец, споменатиот Матиело бил позајмен на Кјево, а Џовинко со слободен трансфер се преселил во Торонто, а како негова замена во Јувентус се вратил искусниот напаѓач Матри, а заедно со него бил доведен и младинскиот репрезентативец на Италија, Стураро (двајцата дошле од Џенова). Во поглед на тактиката, Алегри најпрво избрал да продолжи да се фокусира на веќе докажаната 3-5-2, формација која го обележала освојувањето на последните три титули во лигата и била брендирана од страна на Конте, меѓутоа во срцето на сезоната Алегри одлучил да ја промени во 4-3-1-2 со што Јувентус добил повеќе на напаѓачка моќ,[14][15][16] и во која, улогата на играч зад напаѓачите била покриена од страна на играчите кој претходно играле во внатрешната тројка од средниот ред во 3-5-2, Видал или новото засилување Переира.[17]
Во првенството почетокот бил сличен по должината на линиите од претходната сезона, двобој за врвот со Рома. Бјанконерите и Џалоросите останале на врвот заедно со еднаков број на бодови сè до директниот двобој во Торино на 5 октомври 2014, во кој домаќините победиле со 3-2, со што се успеале да се издвојат како осамени водачи на врвот на табелата,[18] меѓутоа екипата од главниот град нема да се предаде и во продолжение од првенството ќе остане во контакт со Јуве, всушност, веќе во средината на првиот дел од сезоната било јасно дека тандемот на чело на табелата се единствените два клуба со аспирации за титулата, бидејќи јазот меѓу нив и останатите тимови бил многу голем. Со победата од 3-1 над Наполи во гости, прва за Јувентус на овој стадион после четиринаесет години,[19] 11 јануари 2015 Јувентус освоил еден симболичен наслов за зимски шампион,[20] меѓутоа многу поважно од тоа бил реваншот за загубениот Суперкуп на 22 декември 2014 во Доха, кога Наполитанците оствариле победа по изведувањето на пенали.[21] Во овој прв дел од сезоната за одбележување е уште ремито 1-1 против Сампдорија на Стадион Јувентус, на 14 декември, со што и било ставено крај на серијата од 25 победи по ред на домашен терен:[22]
низа која започнала со победата над Лацио со 4-1 на 31 август 2013, со што бил скршен претходниот рекорд (21) поставен пред шеесет и шест години од страна на Гранде Торино кон крајот на четириесеттите години. Четири дена подоцна, со победата од 3-1 на гостувањето кај Каљари, тимот ја завршил календарската година со 95 бода од 37 натпревари, надминувајќи го стариот рекорд за освоени бодови во календарска година (92 од 37) на Интер во 2007.[23]
Порано, на европската сцена, Јувентус ја започнал својата кампања во Лигата на Шампионите директно во фазата по групи, каде биле дел од една урамнотежена група која вклучувала само национални шампиони: шпанскиот првак Атлетико Мадрид, исто така финалисти во последното издание на ова натпреварување, грчикот Олимпијакос и шведскиот Малме. Со три победи, едно реми и два порази, Бјанконерите изборија пласман до нокаут фазата како второпласирани во групата, зад јорганџиите.[24]
Патрис Евра во двобој со Лионел Меси од Барселона на Олимпискиот стадион во Берлин, во финалето на Лигата на шампионите.
Со почетокот на новата година, се случува токму спротивното од првиот дел од сезоната во Серија А, наместо изедначена битка за титулата, Јуве сè повеќе ја зголемувал предноста во однос на најблиските гонители, претходно споменатите Рома, Наполи и одличниот во вториот дел од сезоната Лацио кој со серија добри резултати во еден период избил на второто место на табелата. Од недела во недела бодовната разлика меѓу Старата дама и конкурентите од престолнината растела - за во април да достигне до +15 годови[25] -, со што набргу станало јасно кој ќе го освои насловот, четврто скудето по ред - победничка низа која во Јувентус, не е видена уште од времето на златните педесетти години-, математички скудетото било осигурано на 2 мај, со победата од 1-0 над Сампдорија во Џенова благодарение на голот на Видал;[26] екипата од Пиемонт, никогаш претходно не го освоила првенството, од кога за победа се добиваат 3 бода, на четири натпревари до крајот на кампањата.[27] Исто така, Јувентус станал првиот клуб во историјата на италијанскиот фудбал, кој успеал да освои четири скудета по ред во два различни периоди.[28]
Откако насловот во лигата бил веќе осигуран, во месец мај, Јувентус бил единствениот тим на континентот, заедно со Барселона, кој сè уште се натпреварувал на три фронта, благодарение на позитивните резултати остварени во куповите. Со почетокот на нокаут фазата на Лигата на шампионите, зебрите, всушност, биле подобри од германскиот претставник Борусија Дортмунд во осминафиналето, со две победи (2-1 во Торино и 3-0 во Германија)[29] во четврт-финалето биле подобри Монако (1-0 дома и 0-0 во кнежевството),[30] а потоа во полуфиналето наишле на Реал Мадрид, но ниту бранителите на трофејот не успеале да ги сопрат момците на Алегри кој се пласирале во финалето со вкупен резултат 3-2 (2-1 на Стадион Јувентус и 1-1 на Бернабеу)[31] - прво финале после дванаесет години -; на 6 јуни, на Олимпискиот стадион во Берлин, тимот не успеал да дојде до трофејот, бидејќи биле поразени со 1-3 од Барселона.
Торинезите "гурале" добро, дури и во Купот на Италија, каде што, по точно дваесет години, повторно го освојуваат трофејот. Тие го започнале натпреварувањето во осминафиналето, како еден од најдобро рангиранте клубови од минатата сезона, а на почетокот ја елиминарале Верона, супериорно со голеада во нивната мрежа,[32] и, со повеќе тешкотии, Парма која се борела одлично и покрај големите проблеми на корпоративно и финансиско ниво.[33] Во полуфиналниот двомеч против Фјорентина, Јувентус направил фантастично враќање со победа од 3-0 во вториот натпревар во Фиренца, надоместувајќи го дефицитот од 1-2 од првиот натпревар во Торино;[34] за првпат во историјата Јувентус успеал да се помине понатаму во една рунда од Купот на Италија после пораз во првиот натпревар, пласирајќи се во свето петнаесетто финале на турнирот.[35] Во завршниот натпревар одигран на 20 мај, на Стадионот Олимпико во Рим, единаесеттмината на Алегри го победиле Лацио со 2-1 по продолженија, со одлучувачкиот гол на Матри: за екипата од Пиемонт тоа било десеттиот успех во ова натпреварување - станувајќи првиот клуб кој симболично ја освоил сребрена ѕвезда- и на третата двојна круна во нивната национална историја[36] после сезоните 1959-60 и 1994-95.
играчите во италик го напуштиле клубот во текот на сезоната
Трансфери
Прикажани се само побитните операции
Дошле
Шпанскиот напаѓач Алваро Мората бил купен од Реал Мадрид за сума од 20 милиони €, што претставува најскап трансфер на клубот за сезоната.Фабио Кваљарела по четири сезони поминати во Јувентус, се преселил во градскиот соперник Торино за 3,5 милиони евра.
↑Стефано Агрести (17 јули 2014). corrieredellosport.it (уред.). „Јуве, еве зошто Алегри не е најдобриот избор“. Архивирано од изворникот на 2015-04-17. Посетено на 2015-07-11. Луѓето од Јувентус е одлучен, компактен, против Алегри. Тоа е опозиција во стомакот, што е нормално и тоа треба да биде земено предвид кога навивачите донеле одлука, но, исто така, да се упатат. И ние сме повеќе од загрижени од изборот на новиот тренер на Јувентус.
↑Ланфранко Паче (17 јули 2014). ilfoglio.it (уред.). „Aziendalista, senza gioco e poco simpatico. Adesso Allegri è tutto vostro, cari bianconeri. E io, milanista, godo“. Архивирано од изворникот на 2015-05-05. Посетено на 2015-07-11. E son contento! Siamo tutti contenti, rossoneri di cuore e di maglia. È la nemesi. Di mezzo c'è la cessione di Pirlo e "er go-non-gol de Muntari" che tolse uno scudetto a noi e lo dette a voi, juventini, una bestialità e tanto sano risentimento. Ma siamo uomini di mondo e ora soprattutto vogliamo vedere come andrà a finire. Da ieri è vostro. [...] Ci sarà da ridere
↑Џакомо Валтолина (17 јули 2014). corriere.it (уред.). „No, cara Juve: c'è poco da stare Alégher“. ...la notizia di Allegri sulla panchina della squadra più scudettata d'Italia è un boccone troppo ghiotto per non avventarcisi sopra come un gatto siamese sul topolino di campagna. Innanzitutto va detto che i milanisti non sono felici. Di più. Se Allegri farà valere il suo curriculum, pronti via, alla decima giornata la Juventus si troverà nella parte destra della classifica [...] Insomma, contenti loro... Così noi tifosastri rossoneri non possiamo che cavalcare l'euforia