Сезоната 2017-2018 за фудбалскиот клуб Јувентус била 120-та од неговото основање и единаесетта последователна сезона во највисоката лига на италијанскиот фудбал.
играчите во италик го напуштиле клубот во текот на сезоната
Трансфери
Прикажани се само побитните операции
Дошле
Бразилското крило Даглас Коста бил доведен на заем од Бајерн Минхен за сума од 6 милиони евра со можност за трајен откуп за уште 40 милиони евра. Бразилецот одиграл одлична сезона и бил еден од најзаслужните играчи за освојувањето на титулите во Серија А и во Купот на Италија. На крајот од сезоната Јувентус ја искористил опцијата и трајно го откупил Коста.По седум сезони во Јувентус Леонардо Бонучи го напуштил клубот и се преселил во Серија А соперникот, Милан. Сумата на неговиот трансфер изнесувала 42 милиони евра.
↑Ќе учествуваат во УЕФА Лига Европа 2018-2019 благодарение на победата во Куп на Италија 2017-2018 на екипа која веќе се квалификувала за УЕФА Лигата на шампионите (Јувентус) преку првенството.